Неред и недоволно сон - докажано двете најголеми „болки“ на секој родител

СТОП за стравот дали сè е во ред, одвојте време за себе и работите што ве прават среќни – така ќе бидете подобар родител.

nered-i-nedovolno-son-dokazhano-dvete-najgolemi-bolki-na-sekoj-roditel-01.jpg

Истражување направено на 4.000 родители покажа дека најголем причинител на стрес на сите родители е нередот во домот, а исто така и недостатокот од сон.

Многу од родителите признале дека оваа улога во некој период од животот негативно влијае на нивното ментално здравје.

nered-i-nedovolno-son-dokazhano-dvete-najgolemi-bolki-na-sekoj-roditel-05.jpg

Најмногу стрес им предизвикува нередот во домот. Тоа ги загрижува родителите повеќе отколку однесувањето на нивното дете или можноста да го изгубат во толпа, открива истражувањето.

60% од родителите како најголем предизвикувач на стрес го прогласиле нередот, а 55% кажале дека најголема грижа им е недостигот на сон.

nered-i-nedovolno-son-dokazhano-dvete-najgolemi-bolki-na-sekoj-roditel-06.jpg

Дури 68% од мажите и 57% од жените се соочуваат со ментални проблеми поради родителството, а пак нивниот стрес се манифестира врз децата.

Како начин за справување со ситуацијата истражувачите порачуваат секој родител да си одвои време само за себе и за работи кои го релаксираат, без притоа да чувствува грижа на совеста.

„Наместо да се плашите дали ги правите работите добро, обидете се да се релаксирате и така ќе бидете подобар родител“, порачуваат истражувачите.

nered-i-nedovolno-son-dokazhano-dvete-najgolemi-bolki-na-sekoj-roditel-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg