Како да го научите детето да ги сака книгите?

Прекрасните моменти поминати во рацете на мајката, додека ги слушате вашите омилени приказни, имаат големо значење и за родителите и за детето. Никогаш не е премногу рано да започнете да му читате на вашето дете и да го запознаете со едно од најубавите животни задоволства, со книгите.

Kako da go naucite deteto da gi saka knigite 01

Кога децата се мали, тие реагираат на вашиот глас, слушајќи и гледајќи што се случува околу нив. Кога се постари, почнуваат да испуштаат одредени гласови. Затоа е читањето важен поттик во развојот на нивниот говор.

Но, како да го научите детето да ги засака книгите?

Изберете ги вистинските книги

Дали детето ќе ужива во приказната зависи од изборот на книгата. Малите деца сакаат книги кои привлекуваат внимание и кои лесно можат да ги држат во своите раце.

За нив се идеални т.н. pop-ups книги (чии страници се тродимензионални слики), потоа сликовници со живописни бои, со јасни и големи слики и сликовници со кратки песни.

Книги, што содржат малку текст или се без него, се добар избор, бидејќи го охрабруваат детето да ја развие имагинација.

Еден практичен совет: купувајте ги книгите кои и вам ви се интересни, бидејќи децата сакаат да ја слушнат истата приказна секој ден. Значи, најверојатно ќе треба да ја читате истата приказна стотици пати.

Читање како дневна рутина

Би било добро читањето да ви стане задолжителен и многу важен дел од денот. Идеално е ако читате пред вечерните часови. Тоа е време кога тензиите се минимизирани, вашите дневни обврски се зад вас, а вашето дете е опуштено и нестрпливо да слуша.

Меѓутоа, ако е детето премногу поспано во вечерните часови, читајте му попладне, после ручек или пред капење.

Се разбира, ова не значи дека треба да читате само во одредено време. Можете да му читате книги за да го смирите или како награда за добро однесување.

Kako da go naucite deteto da gi saka knigite 02

Заедничко уживање

Најдете мирно место во куќата, прегрнете го вашето дете, исклучете го телевизорот или радиото и нурнете се заедно светот на книгата и фантазијата.

Многу е важно да уживате во приказната без срам, бидејќи вашето дете не е критичар и ќе ужива додека се смеете. Можеби ова ќе ви изгледа малку глупаво, но додека зборувате со него со смешни гласови и имитирање на животни, детето ќе ве слуша внимателно.

Зборувајте полека, пејте и дозволете му на детето да ужива во приказната.

Додека читате покажувајте му ги сликите во книгата. Кога ќе забележите дека некоја ќе му го привлече вниманието, запрете и разговарајте за сликата заедно.

Kako da go naucite deteto da gi saka knigite 03

Ова ќе му помогне подобро да го разбере значењето на зборовите. Замолете го да ги имитира гласовите на животните и да ви ги покаже ликовите или предметите во книгата.

Постојат многу книги кои бараат одредена активност од детето, кои го вклучуваат во приказната, па тоа ќе почне да ужива во неа, без да забележи.

Набљудувајќи ве вас како читате, детето брзо ќе научи како да ги чита книгите и да ги превртува страниците, следејќи го развојот на приказната.

Посетувајте ги библиотеките еднаш месечно и дозволите му на детето да избере книга за читање.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg