7 животни совети кои генијалците им ги даваат на своите деца
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


7 животни совети кои генијалците им ги даваат на своите деца

„На никој не му е лесно во животот, и што сега? Мора да бидеме упорни и, пред сè, да имаме самодоверба. Мора да веруваме дека сме талентирани за нешто и дека во тоа ќе бидеме добри и успешни.“ - велела Марија Кири.

7-zivotni-soveti-koi-genijalcite-im-gi-davaat-na-svoite-deca-001.jpg

Овие брилијантни жени и мажи ја зајакнале науката, медицината и нашето разбирање на универзумот.

Еве какви совети им давале на своите деца пред спиење:

1. Стивен Хокинг за најважните работи во светот

„Прво, не заборавај да погледнеш горе во ѕвездите, а не во твоите стапала. Второ, никогаш не се откажувај од својата работа. Работата ти дава смисла и цел и без неа животот е празен. И трето, ако си среќен и ја пронајдеш вистинската љубов, не ја отфрлај.“

2. Алберт Ајнштајн за најдобриот начин на учење

„На клавирот свири ја музиката што те прави среќна, иако не ти ја дал твојот наставник. На овој начин ќе научиш најмногу, правејќи нешто со ентузијазам, нема ни да почувствуваш како поминува времето“.

3. Марија Кири за моќта на самодовербата

„На никој не му е лесно во животот, и што сега? Мора да бидеме упорни и, пред сè, да имаме самодоверба. Мора да веруваме дека сме талентирани за нешто и дека во тоа ќе бидеме добри и успешни.“

Ova se sedum zivotni soveti koi genijalcite im gi davaat na svoite deca 02

4. Бил Нај за најважното нешто што треба да се запамети за другите луѓе

„Сите луѓе што некогаш ќе ги запознаеш знаат нешто што ти не знаеш. Автомеханичарите денес знаат да кодираат за да ја поправат електрониката во автомобилот.

Готвачите ја разбираат способноста на бакарот да ги контролира протеините. Градежниците ја знаат силата на различните материјали. Почитувај го нивното знаење. Учи од нив.“

5. Нил деГрас Тајсон за надминување на пречките

Имам колеги со дислексија. Ова е пречка, но што прават натпреварувачите на Олимписките игри кога ќе наидат на пречка? Ја прескокнуваат.“

Ova se sedum zivotni soveti koi genijalcite im gi davaat na svoite deca 03

6. Едвард Озборн Вилсон за потрага кон знаење

„Чувајте ги очите отворени и вртете се околу себе. Потрагата кон знаењето е во нашите гени. Таму била оставена од страна на нашите древни предци, а желбата за знаењето никогаш нема да биде потисната.“

7. Бен Френклин за однесувањето кон неговите ближни

„Колку повеќе се грижиш за својата мајка, толку ќе бидеш поголем човек во моите очи.“

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на млада мајка со бебе, низ 10 искрени илустрации... Луба Собол е Русинка која го пресликува нејзиното секојдневие со синчето во искр...
Прави го она што го сакаш, не она што ти го нудат - 15 работи за кои т... Пред 15 години во училиште имавме задача да напишеме есеј на тема: Совети за мла...
Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата? Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фр...