Германските мајки не врескаат по детето зошто е босо, се соблекуваат и тие!

majki-vo-germanski-stil-povekje-vo-makedonija-kje-ve-molam-01.jpg

Престојував во едно мало гратче на југот од Германија и ги видов најрелаксираните мајки на светот.

Таму немаше врескање како кај нас: „Дојди ваму!“, „Ќе те кажам на татко ти!“, „Ги направи лом панталоните, пак ли да перам?“, „Не фаќај песок!“... Таму немаше диктатура врз децата.

Мајките беа релаксирани и насмеани. Ниту една не викаше по своите деца.

Сите со ќебенца и корпи беа седнати на пикник во парковите.

Немаше тензија.

Многу деца трчаа боси наоколу. И многу мајки го правеа истото.

Се бркаа со своите деца, си подаваа со топка, вртеа хулахоп.

Никој немаше телефон во рацете. Ако видевте еден исклучок, тогаш сигурно станува збор за дојденец.

Локалците имаа едно смирено темпо, една убава енергија, едно консумирање на животот со уживање.

Имаа по 3, 5, па и повеќе деца и повторно имаше хармонија. Татковци менуваа пелени на трева во паркот, а мајки гледаа како нивните деца се на „работ на опасност“, но не преземаа ништо за да ги научат на самостојност и за сами да сфатат што чини, а што не.

Единствената вознемирена мајка што ја видов е кога нејзиното дете беше во опасност да го удри лулашката на која беше друго дете. Но, ниту таа не вресна по него.

Само скокна, истрча и го фати во рацете.

Сите пристигнуваа до парковите со велосипеди. И иако беше претопло тие имаа прикачени специјални колички на велосипедите во кои возеа по неколку деца.

Не се плашеа дека малку сонце ќе ја фати кожата на нивното детенце, ниту дека детето им лази во паркот, каде газеле други луѓе, ниту дека детето си игра со песок и се валка... Изгледаше како родителството да им е лесно како песна. Како тие да се најсреќните родители на светот, а нивните деца најрелаксираните и најзадоволните деца на светот.

И нема правилно и погрешно, но ова навистина изгледаше прекрасно.

Но, проблемот кај нас е што дури и да има мајки со ваков ментален склоп тие не смеат да се опуштат и да ги чуваат децата така како што сметаат дека е правилно.

Зошто?

Затоа што во паркот секогаш ќе има друга мајка што ќе ги прекори со поглед дека не внимаваат доволно на детето, баба што ќе се дрзне да ги осуди дека не се доволно добри во улогата на мајка и сосетка што ќе ги трачари колку наводно не си ги сакаат своите деца и не се грижат за нив.

А, ни требаат повеќе мајки во германски стил... Опуштени мајки кои ќе уживаат во својата улога безгрижно и ќе сакаат да имаат не 1, туку 5 дечиња затоа што родителството нема да го сфатат како робување, туку како најголемо животно задоволство.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Босански психолог ги разгневи родителите со нејзиниот опис за „токсични мајки“: „Изгледа многумина с... „Јас ти дадов сѐ, а ти така ми враќаш“, „Ќе видиш како е кога ќе имаш свое дете“...
7 работи во кои ќе се пронајдат сите модерни мајки Вашето дете има поубава облека од вас, а Pinterest ви е омилениот сајт за инспир...
„Не ѝ помагам на сопругата ни да чисти, ни со децата“: Маж ги воодушеви мајките со видео на ТикТок „Не ѝ помагам ни да чисти, да ja испере облеката, ни во грижата за децата. Ништо...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg