7 знаци што покажуваат дека сте навистина добра мајка

Родителството е најубавата, но истовремено и најтешката задача. Денес родителите често се грижат за одгледувањето на своите деца и имаат повисоки стандарди. 

 7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-dobra-majka-01.jpg

Бидејќи често се споредуваат со другите или бараат знаци за својот успех, родителите неретко запаѓаат во замка.

Доколку се прашувате дали сте добра мајка, побарајте некој од овие 7 знаци:

Детето покажува различни емоции пред вас

Можеби понекогаш ви изгледа дека детето нема потреба да ги покажува сите емоции пред вас, но штом го прави тоа, тоа е добар знак дека се чувствува сигурно. Обидете се да го спречите затворањето на детето и не му го попречувајте искажувањето на чувствата. Наместо тоа, обрнете внимание и бидете благодарни. Покажете му на детето дека можете да ги поднесете неговите чувства, но и дека ги разбирате.

Детето доаѓа кај вас кога ќе се повреди или кога има некој проблеми

На овој начин сте станале потпора на вашето дете кога му е потребна помош. Слушањето на неговите проблеми, без разлика дали се големи или мали, создава отворен однос помеѓу мајката и детето.

Детето може да разговара за своите мисли и чувства без страв

Овде станува збор за прифаќање на отворен и флексибилен однос. Некои родители несвесно ја ограничуваат комуникацијата со своето дете. Ова го прават кога претерано реагираат на мислите и чувствата што не им се допаѓаат. Некои родители пак се поставуваат така што нивните деца сакаат да им кажуваат за нивните мисли и чувства.

Важно е да го поддржувате вашето дете. Но доколку вам ви е потребна поддршка, побарајте ја кај некој друг, а не кај детето.

Не го критикувате детето

Добрите родители ги избегнуваат епитетите како „лош“, „злобен“ и „мрзлив“. Доколку детето направило нешто себично, добрата мајка ќе му го каже тоа, но нема да го критикува или навреди.

Ги поттикнувате интересите и талентите на детето

Развивањето на интересите и талентите на детето помага во развивањето вештини и постигнувањето резултати. Навистина е прекрасно да напредувате во нешто што го сакате. Но понекогаш родителите управуваат со интересите на детето за да ги исполнат своите соништа и потреби, а ова воопшто не е добро. На овој начин детето ќе се чувствува неуспешно, а ќе го носи товарот на сопственото и на вашето разочарување.

Создавате граници за детето да биде сигурно

Добрите родители секогаш ќе постават граници во однесувањето на детето. Доколку не му поставите граници и правила, детето лесно може да западне во неволја. Дури и ако детето не ги сака ограничувања, тие ќе му помогнат да се чувствува сакано и ценето. Во овие ограничувања спаѓаат рутина за спиење, пристојно однесување и слично.

Ги исправате вашите грешки

Доколку можете да го подобрите односот со детето, тоа е знак за добро родителство. Немојте да му викате на детето, туку обидете се со разговор да ја решите ситуацијата. Исто така објаснете му дека понекогаш и вам ви е потребна помош за вашите чувства.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg