Децата единци не се разгалени и неучтиви - разбивање на митовите

Децата кои растат сами имаат предност бидејќи не го делат родителското внимание. Бидејќи тие не се соочуваат со борба за вниманието од родителите, нивната самодоверба се развива.

decata-edinci-ne-se-razgaleni-i-neuchtivi-01.jpg

Постојат многу предрасуди за децата единци и многумина ги гледаат како разгалени и себични. Но истражувањата покажале дека овие деца се можеби и посреќни бидејќи третина од децата во поголемите семејства се жалат на малтретирање од постарите браќа и сестри.

Психолозите сметаат дека карактерот на детето не зависи од тоа дали пораснало само или со браќа и сестри.

Разбивање на митовите

Најраспространетиот мит за овие деца е дека се разгалени. Но, кога ќе се земе предвид дека разгалените деца доаѓаат и од семејства со повеќе членови, особено со помлади родители, станува јасно дека ова не е точно.

Однесувањето на децата во најголем случај зависи од начинот на којшто се одгледани.

Многу долго се веруваше дека децата единци се помалку комуникативни од другите. Но, овие деца имаат интеракција со други деца во градинка, на училиште, во парк...

Нивната предност е што минуваат повеќе време разговарајќи со родителите и други возрасни личности, што пак има позитивно влијание на нивниот развој.

decata-edinci-ne-se-razgaleni-i-neuchtivi-razbivanje-na-mitovite-04.jpg

Истражување спроведено во Велика Британија покажало дека многу деца кои биле жртви на малтретирање од постарите браќа и сестри всушност биле многу несреќни за разлика од децата единци кои се поштедени од овие искуства. Исто така, овие деца учат самите да се забавуваат и да си играат.

decata-edinci-ne-se-razgaleni-i-neuchtivi-razbivanje-na-mitovite-03.jpg

Постои верување дека децата единци сакаат да им наредуваат на другите бидејќи се навикнати да бидат во центарот на вниманието.

Но желбата за наредување, исто како и разгаленоста, постои и кај семејствата со повеќе деца.

Единците најчесто сакаат да бидат во друштво на други бидејќи дома немаат брат или сестра. Поради ова, тие вложуваат дополнителен труд да бидат прифатени во друштвото.

decata-edinci-ne-se-razgaleni-i-neuchtivi-razbivanje-na-mitovite-05.jpeg

Децата бараат онолку колку што им дозволуваат родителите. Односно, важно е како ќе се постават родителите и како ќе го одгледаат детето.

Родителите на две или повеќе деца најдобро забележуваат колкаво е влијанието на карактерот врз детето, како и дека истите методи за одгледување не функционираат кај сите.

Како што напоменавме, најголемата предност на децата единици е тоа што не се борат за вниманието на родителите, па им се развива силна самодоверба и здраво чувство на сопствена вредност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg