Една третина од татковците страдаат од депресија по раѓањето на бебето, а никој не зборува за тоа
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 21-10-2019


Една третина од татковците страдаат од депресија по раѓањето на бебето, а никој не зборува за тоа

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека една третина (34%) од британските татковци доживеале „постпартална депресија“. Речиси две третини од овие испитаници почувствувале анксиозност по раѓањето на детето, додека една третина признава дека не знае како да се зближи со бебето.

Edna tretina od tatkovcite stradaat od depresija po raganjeto na bebeto 01

На прашањето како се чувствувале на самиот почеток, една четвртина изјавила (24%) дека почувствувале огромен притисок, бидејќи морале да обезбедат сè за семејството, додека 22% изјавиле дека поради недостатокот на сон биле исцрпени. 15% новопечени татковци се чувствувале како да „закажале како родител“.

Истражувањето открива дека половина од новопечените татковци (49%) се чувствуваат засрамено, бидејќи не знаат како да се справат со новите предизвици.

На прашањето зошто, 40% татковци изјавиле дека чувствуваат осуда од членовите на семејството, 32% чувствуваат осуда од пријателите, а повеќе од една третина чувствува притисок од општеството.

Затоа не изненадува што многу мажи не зборуваат за нивните проблеми, туку страдаат во тишина.

Некои татковци велат дека биле подложени на чувство на срам, заради активната родителска улога што ја презеле, како, на пример, носење на бебето или туркање колички.

84% од испитаниците веруваат дека влијанието на раѓањето на детето врз татковците останува незабележано, а 72% сметаат дека не добиваат доволна поддршка од околината.

Edna tretina od tatkovcite stradaat od depresija po raganjeto na bebeto 02

Носењето на бебето за британските татковци е еден од трите главни начини за зближување, а според анкетата, 62% од нив сметаат дека токму ова им помогнало да се поврзат со своето дете.

Затоа татковците треба да се охрабруваат да ги прават овие работи, наместо да се исмејуваат.

Бидејќи 9 од 10 татковци (88%) велат дека би било многу корисно да добијат повеќе информации за поврзувањето со детето, очигледно е дека постои желба да се научи уште повеќе.

Истражувањето, кое било спроведено над повеќе од 1.000 британски татковци, покажало дека 92% од татковците, и покрај сите проблеми, сметаат дека најдоброто искуство во светот е да се биде татко.

Edna tretina od tatkovcite stradaat od depresija po raganjeto na bebeto 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ги погодува многу татковците во првата година по добивањето на дет... Мрежата на пријатели е неопходна за тазе татквовците да се справат со огромната ...
Како да го научите детето да ги сака книгите? Прекрасните моменти поминати во рацете на мајката, додека ги слушате вашите омил...
Кога е во ред да го излажете вашето дете? Понекогаш, секој родител користи мали лаги со цел да го заштити своето дете. Нек...