30-дневен летен предизвик: Што да правите со децата кога е топло?

Летниот распуст веќе започна, а доколку имате деца, знаете колку можат да бидат напорни кога им е здодевно. Навистина е одлично што можете да минувате повеќе време со нив, но потребно е малку време пред нешто дa им стане здодевно.

zabaven-30-dneven-detski-predizvik-za-leto-01.jpg

Па, ова лето обидете се да го избегнете тоа со овој забавен 30-дневен предизвик за лето.

Што претставува овој предизвик?

За различни луѓе може да значи различни работи, но воглавно, овој предизвик значи да излезете и да се забавувате со вашите мали 30 дена по ред.

Можеби ви звучи како вистински предизвик, но бидејќи ќе правите нешто заедно и ќе креирате сеќавања, нема ни да го почувствувате времето.

Иако можеби некои од активностите ви изгледаат тривијални, тие ќе ве натераат да сфатите дека понекогаш и наједноставните нешта можат да бидат навистина смешни.

Нема потреба да трошите многу за да си поминете добро. Следниве 30 активности им се достапни на сите, а без сомнение лудо ќе се забавувате.

zabaven-30-dneven-detski-predizvik-za-leto-02.jpg

30-дневен предизвик за лето

1. Возете велосипед. Семејното возење е секогаш забавно!

2. Одете на сладолед. Ништо не може да го победи сладоледот на топлото време.

3. Прошетајте низ градот. Отидете до центарот и истражете го градот во којшто живеете.

4. Сложете сложувалка. Без сомнение ќе се забавувате со часови.

5. Фаќајте светулки. Оваа вечер дозволете им на децата да останат будни до подоцна.

6. Посетете фарма. Со оваа посета и ќе се забавувате, и ќе научите нешто.

7. Посадете цвеќиња. Ова лето покажете им на вашите деца како да се грижат за цвеќињата.

8. Правете меури од сапуница. Меурите се забавни дури и за возрасните.

9. Направете некој десерт. Одберете го омилениот рецепт и фатете се за работа.

10. Пијте лимонада. Седнете под сенка и разладете се со чаша студен пијалак.

zabaven-30-dneven-detski-predizvik-za-leto-03.jpg

11. Одете на пливање. Ова можете да го направите и повеќе пати.

12. Направете кукли со чорапи. Сите имаат чорапи без пар, а на овој начин ќе им дадете втор живот.

13. Одете планинарење. Сигурно ќе си поминете прекрасно.

14. Читајте на сонцето. Ништо не ја надминува забавата од читање под сонцето.

15. Направете огромен цртеж со креда. Ова сигурно ќе ве врати во детството.

16. Експериментирајте со водени боици. Уметноста е навистина забавна.

17. Посетете пазар. На децата сигурно ќе им се допадне разновидноста на овошје и зеленчук.

18. Направете колачиња. Секогаш е добро време за колачиња.

19. Пишувајте поеми. Речете им на децата да напишат поема за нивните летни авантури.

20. Летајте змеј. Кога има ветер, направете змеј и забавувајте се.

zabaven-30-dneven-detski-predizvik-za-leto-04.jpg

21. Направете тврдина. Вашите деца ќе уживаат во ова.

22. Посетете плажа. Без разлика дали е на море, езеро, или пак река, барем еднаш одете на плажа. Доколку нема ништо во ваша близина, наполнете мал детски базен и уживајте.

23. Направете книга со сеќавања. Следете ги сите летни авантури и на крај соберете ги на едно место.

24. Направете ручек. Одберете го омиленото јадење на вашите деца и обидете се да го направите заедно.

25. Возете мотор со четири тркала. Кој не сака малку авантура?

26. Прскајте се со вода. Одличен начин да се разладите и забавувате.

27. Одете на прошетка во природа.

28. Направете музичко видео. Ова лето излезете од вашата удобна зона.

29. Посетете аква парк. Никој не останува рамнодушен на овие места.

30. Направете домашен сладолед. Можеби ќе откриете нов омилен вкус.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg