Мајчинството е тага дека не им требаш на децата повеќе, но и среќа дека се независни

Тоа значи дека растеш и стануваш независен. Дека сета напорна работа што ја вложивме во тебе и сите непреспани ноќи кои ги минавме до тебе се исплатеа и ти ја дадоа потребната самодоверба за да ги пуштиш нашите раце и да леташ.

majchinstvoto-e-taga-deka-ne-im-trebash-na-decata-povekje-no-i-srekja-deka-se-nezavisni-01.jpg

Се сеќавам како се чувствував кога дознав дека сум бремена по првпат. Беше бура од емоции со возбуда и исчекување, но исто така прашување дали ќе бидам добар родител.

По прв пат ќе станам мајка, немав идеја што значи да си родител.

Ги прочитав сите книги и ги направив сите истражувања. Мојот стомак растеше, собата беше подготвена. Го можам јас тоа помислив и потоа се докажа дека грешев.

Се роди 3 седмици порано со царски рез. Во болницата немав ниту торба со работи, ниту седиште за бебе.

Ме научи на првата лекција – отсега, па натаму работите ќе ги правиме по твој начин, а не по мој.

Се сеќавам на првиот пат кога погледна во мене и кажа „мама“, поврзувајќи го тој збор со моето лице.

Се сеќавам кога ти понудив храна, а ти беше најаден и затресе со глава „не“, веќе толку самоуверен за своите ставови.

Се сеќавам кога ја пушти мојата рака и ги направи првите чекори сам, солзи ми се слеваа низ лицето бидејќи растеш толку брзо.

Се сеќавам кога веќе не изгледаше како моето слатко бебе – одеднаш беше мала личност која се развива сè повеќе со секој изминат ден.

majchinstvoto-e-taga-deka-ne-im-trebash-na-decata-povekje-no-i-srekja-deka-se-nezavisni-02.jpg

Има денови кога посакувам да можеш да останеш мал уште малку. Да можам да те лулам во прегратка и да ти пејам смирувачка песничка, бидејќи кучето те исплаши.

Се чувствувам малку тажна кога ја пакувам омилената облека, која повеќе не ти е точна. Се фаќам како зјапам во фотографии на мојот телефон од деновите кога беше мал како кикиритка и нов на овој свет.

Да, растеш навистина брзо, но вистината е дека не би сакала да биде поинаку. Затоа што гледањето каква личност постануваш е магично.

Ја знам твојата омилена боја, затоа што се сеќавам кога те облекував цел во зелено. Веќе ги знаеш стиховите на песни за кои јас немам слушнато и кога ги пејам погрешно превртуваш со очите, давајќи ми знак дека те срамам.

majchinstvoto-e-taga-deka-ne-im-trebash-na-decata-povekje-no-i-srekja-deka-se-nezavisni-03.jpg

Ја сакам самодовербата со која трчаш со огромниот ранец кон училиштето и кога ми мавташ возбуден дека ќе научиш нешто ново за светот.

Сакам кога возиш велосипед и одиш на првите авантури со татко ти.

Гледањето како растеш како личност прави да се радувам на она што допрва доаѓа. Не можам да дочекам за да видам кога ќе се вљубиш по првпат или кога до доцна во ноќта ќе учиш поради важен тест.

Па, попатно се потсетувам себе дека полека ќе почнам да ти требам сè помалку, но тоа е во ред. Тоа значи дека растеш и стануваш независен. Дека сета напорна работа што ја вложивме во тебе, сите непреспани ноќи кои ги минавме до тебе и сета поддршка што ти ја дадовме се исплатеа и ти ја дадоа потребната самодоверба за да ги пуштиш нашите раце и да леташ.

Горда сум на тоа што стана и не можам да дочекам да гледам како ќе растеш сè уште. Но, сепак да не го избрзувам времето.

Наместо тоа ќе уживам во денешниот ден. Затоа што денес е тоа што е најважно сега.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg