Мрзеливи, зависни од социјални мрежи - најчести предрасуди за тинејџерите

Многумина би биле среќни да ги променат улогите со младите кои се во пубертет, само за да не бидат во амбисот на денешницата. Но и адолесцентите би сакале да ги заменат своите улоги со возрасните. 

mrzelivi-zavisni-od-socijalni-mrezi-najcesti-predrasudi-za-tinejdzerite-01.jpg

Денес, кога егзистенцијата стана фундаментално прашање на возрасните, на адолесцентите им се ставаат етикети за да можеме полесно да се справиме со нив, со цел да го вратиме фокусот кон нас самите.

Овие етикети и предрасуди понекогаш можат да нѐ заслепат.

Кои се најчестите предрасуди за тинејџерите?

Тинејџерите реагираат претерано.

Општото верување поврзано младите во овој период од животот е дека тие се склони на секоја ситуација да реагираат претерано. Ова преувеличување во реакциите и емоциите се толкува како емоционална незрелост, нешто што адолесцентот треба да научи да го контролира.

Но, оваа иста емоционална незрелост, може да се види и кај возрасните. Ова интензивно искуство има последици за адолесцентот. Оваа висока емотивна реакција не зборува за нивната незрелост, туку за нивната чувствителност.

Во овој период, тие се како антени, ги примаат сите фреквенции, мали и големи, без филтри, без заштитна мрежа. Тие апсорбираат толку многу информации и сензации што никој не ги научил како да ги процесираат.

Тинејџерите се силни, брзо закрепнуваат.

Ако ја земеме предвид првата предрасуда, дека адолесцентите се склони кон претерани реакции, тогаш оваа предрасуда е контрадикторна.

За помладите деца е, исто така, карактеристично да имаат силни, интензивни, но краткорочни емоции. Адолесцентите работите ги чувствуваат подлабоко, посилно и подолго.

Adolescentite se bezobrazni mrzelivi nezainteresirani Ova se najcestite predrasudi za adolescentite 02

Нивните искуства се тривијални, не знаат колку е тежок животот.

Во однос на глобалните промени и нестабилноста, војните, работата и приходите, искуствата на адолесцентите се сметаат за тривијални. За што треба да се грижат? Популарност, облека, љубов? Тие не знаат колку е тежок животот.

Всушност, тие знаат многу добро. Она што нам ни се чини тривијално, за нив е важно. Како што ние се грижиме за односите на работа, така и тие се грижат за односите во училиште, како ќе ги видат другите луѓе, дали ќе ми се допаѓаат, што мислат за нив и сл. 

Овие прашања звучат познато, нели? Можеби јазикот што го зборуваме и околината во која живееме е поинаква, но искуствата, желбите и стравовите се исти.

Тинејџерите се безобразни, мрзеливи, незаинтересирани…

Во согласност со нашето брзо темпо, кое бара жртва и работа, постои и предрасуда дека адолесцентите се мрзеливи и незаинтересирани, покрај другите негативни атрибути. Мрзеливоста не е ограничена само на возраста, како ни недостатокот на интерес.

Дрскоста и суровоста, што им се припишува на денешните генерации, се извлекува од контекст. Ако ја погледнеме високата емоционална реактивност, хаосот што потекнува од возрасниот свет, дали навистина нè изненадува што денес младите се повеќе експлозивни?

Никој не се раѓа добар или лош. Доброто, односно лошото однесување се учи.

Adolescentite se bezobrazni mrzelivi nezainteresirani Ova se najcestite predrasudi za adolescentite 03

Тинејџерите се зависни од социјалните мрежи.

Факт е дека, со напредокот на технологијата и достапноста на интернетот, човечкиот контакт ја губи својата важност. Адолесцентите поминуваат повеќе од три часа дневно на социјалните мрежи. Можеби треба да се запрашаме што бараат таму?

Повеќето корисници на социјалните мрежи се, всушност, осамени. Во овој период, осаменоста го добива сопствениот живот. Излезот се бара во сајбер светот, кој нуди поголем број на луѓе, а со тоа и поголема можност за наоѓање на луѓе кои им се слични.

Ние не бевме такви…

„Во мое време“…Ова е неверојатна предрасуда. Можеби начинот на решавање на проблемите, или предизвикот, бил поинаков во наше време, но проблемот секогаш бил ист. 

Конфузијата и емоциите беа исти, контекстот, општеството и државата беа различни. Генерациските разлики се неизбежни, но не и нешто што треба да го користиме како изговор за недоразбирање.

И покрај тоа што светот се промени, не можеме да разбереме низ што минуваат денешните адолесценти.

Adolescentite se bezobrazni mrzelivi nezainteresirani Ova se najcestite predrasudi za adolescentite 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg