Мајка од Србија му оставила на сопругот „упатство за ракување со децата“ кое стана хит

Мајката на две дечиња од Србија ги насмеа Твитер корисниците кога ја споделила фотографијата од упатството кое морала да му го остави на сопругот, поради тоа што имала 4-дневно деловно патување.

majka-od-srbija-mu-ostavila-na-soprugot-upatstvo-za-rakuvanje-so-decata-keo-stana-hit-001.jpg

Во упатството се наведени сите обврски на децата по денови, меѓу кои се тренинзите, натпреварите, детските родендени и слично.

majka-od-srbija-mu-ostavila-na-soprugot-upatstvo-za-rakuvanje-so-decata-keo-stana-hit-2.jpg

Упатството за ракување со децата во рок од 4 дена гласи вака:

Четврток:
- На училиште до 12:30
- Роденден на Андреа од 15:00 до 18:00h
(Прават во стан, понеси пари и 2хчоколади од 300 грама, во шпајзот се)

Петок:
- Пред-час од 7:15 до 11:50 во училиште
- Тренинг во 19:00
- Плати котизација
- После тренинг да се испере кимоното –  на висока температура (обавезно да се стави и марамче ловец на бои)
- Љубица порано доаѓа од Белград, униформата нека ја пере со кимоното
- Кога ќе се исуши, нека испегла Љубица

Сабота:
- Ништо, освен ако нема вонреден тренинг (во тој случај нека тренира во спортска опрема, да не се извалка кимоното)

Недела:
- Натпревар, веројатно околу 10:30, за најсигурно ќе ти каже тренерот
- Апостолки за пред да влезе на терен

Моето враќање се очекува во раните попладневни часови, ако задоцнам дај ѝ на Љубица пари за Белград, за автобус

На Ружица ѝ е подготвено за секој ден што да ѝ облечеш.

За дополнителни информации јави ѝ се на сопругата која ти е меморирана како ****

https://twitter.com/malatehnicarka/status/1133402179363123201/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1133402179363123201&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.6yka.com%2Fnovosti%2Fmajka-iz-srbije-ostavila-suprugu-uputstvo-za-rukovanje-djecom-i-postala-hit-na-drustvenim-mrezama

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg