Прави го она што го сакаш, не она што ти го нудат - 15 работи за кои татко ми беше во право

Пред 15 години во училиште имавме задача да напишеме есеј на тема: Совети за младите генерации.

pravi-go-ona-sto-go-sakas-ne-ona-sto-ti-go-nudat-15-raboti-za-koi-tatko-mi-bese-vo-pravo-001.jpg

Суштината беше да интервјуираме повозрасна личност, односно постара од 25 години, која би ни составила листа на совети за помладите. Одлучив да го интервјуирам својот татко кој тогаш имаше 53 години.

Пред неколку месеци, претурајќи по работите, го најдов есејот и го прочитав. Бев зачудена. Сега тие зборови ми имаат многу подобра смисла отколку пред 15 години.

Првата работа која ми помина низ главата беше: Татко ми беше во право!

Како гласеа неговите златни 15 совети?

1. Никогаш нема да се чувствуваш како да старееш.

Возрасните се само големи деца. Како што старееш, годините нема да ги чувствуваш. Само ќе станеш малку помудар и малку повеќе ќе веруваш во себе. А, зошто? Затоа што до тогаш веќе ќе го имаш најдено своето место на овој свет. И немој да се плашиш од стареењето. Тоа е сосема во ред.

2. Лоши работи ќе се случуваат и во твојот живот и во животот на твоите сакани.

Неволјите се составен дел од животот. Луѓето ја губат работата, доживуваат несреќи, се разболуваат. Најдобро, а истовремено и најтешко, што можеме да направиме тогаш е да останеме присебни.

3. Првиот впечаток не секогаш е правилен

На прв поглед, секоја ситуација и личност може да се чини нормална. Времето е она кое ќе ни покаже како стојат работите. Понекогаш, треба и премногу време.

4. Успехот доаѓа кога ќе го пронајдеш својот фокус

Сконцентрирај се на 2 до 3 најважни работи во даден момент. Кога пробувате да направите сè и насекаде, резултатот обично е спротивен на она што го очекувате.

5. Сакај се себеси и биди си приоритет

Тежнеј кон тоа да станеш личноста која сакаш да бидеш. Храни ги своето тело и ум. Научи нешто ново секој ден, до последниот здив.

6. Понекогаш само мора да пробаш

На момент заборави на своите сомнежи и стравови. Запрашај се: Ако се обидам и не успеам од првпат, што ќе изгубам, а што ќе добијам?

pravi-go-ona-sto-go-sakas-ne-ona-sto-ti-go-nudat-15-raboti-za-koi-tatko-mi-bese-vo-pravo-2.jpg

7. За да добиеш нешто, мора и да дадеш нешто

Давајќи им на другите поддршка, совети и правејќи го нивниот живот поубав, на луѓето им даваш непроценливи подароци. И сето тоа со убаво ќе ти се врати.

8. Ништо во овој живот не е вредно за големи кавги

Не се карај со партнерот, роднините, комшиите. Кога ќе почувствуваш дека во тебе работите вријат и во скоро време ќе изговориш грди зборови, затвори ја устата, заврти се и замини. Дај си време да се смириш. Не мора да бидеш секогаш во право. Во суштина, не е ни важно кој е во право.

9. Не се обидувај да воодушевиш некого

Таа желба не ти носи ништо друго, освен минлива сатисфакција за егото.

10. Продолжи да се забавуваш

Забавата во животот е потценета. Луѓето често забораваат да се забавуваат и им подлегнуваат на своите слабости. Тоа е сосема погрешно.

11. Не комплицирај – животот е најубав кога е едноставен

Убавината лежи во едноставноста. Избери 5 работи кои ти се најважни сега и сконцентрирајте се на нив. Заборави на останатото. Прави го она што го сакаш, не она што ти го нудат.

12. Некои ситници се паметат засекогаш

Обрни внимание на ситниците. Вечерите со семејството, приликата да го гледаш своето дете како мирно спие, прошетките со пријателите од детството. Ова се ситници кои значат живот!

pravi-go-ona-sto-go-sakas-ne-ona-sto-ti-go-nudat-15-raboti-za-koi-tatko-mi-bese-vo-pravo-3.jpg

13. Најдоброто што можеш да го направиш за друга личност – е да даваш помалку совети

Животот за секој од нас е единствен и ни припаѓа единствено нам. Секој од нас мора да живее, дише и да продолжи по својот пат по свои правила.

14. Планирај го своето време и своите пари

Животот постојано се менува. Биди внимателен. Научи да го разликуваш важното од неважното. Не го купувај она што не ти треба. Не троши повеќе отколку што заработуваш. Не дозволувај парите да те контролираат, контролирај ги ти нив.

15. Соништата ќе останат само соништа, ако нешто не преземеш

Престани да сонуваш и почни нешто да правиш. За 10, 20 или 30 години да не се каеш – денес мора да не се плашиш.

Извор

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg