Наставниците откриваат: Кои 7 типови на родители најмногу нè нервираат?
-->
Родителот „ќе се обратам кај директорот“, родителот „моето дете не е такво дома, нема шанси да го направило тоа“ се дел од најомразените.
Родителите сè повеќе се мешаат во наставата на нивните деца, а наставниците имаат главоболки поради ова.
-->
Мајки и татковци постојано одат во училиштата да се жалат од начинот на кој се одвива наставата, да даваат критики за односот на наставниците и да даваат сугестии како да се подобри образовниот систем.
Родителите може лесно да им ја претворат во пекол работата на наставниците и тоа не носи добро никому, вклучувајќи го тука и нивното дете.
Наставниците открија кои се најлошите типови на родители:
Родителот хеликоптер – постојано доаѓа во училиштето и сака да ја работи работата на наставникот, дава предлози и реди забелешки.
Родителот „моето дете не може да погреши“ – го брани своето немирно дете и се жали зошто тоа добива поинаков третман од другите.
-->
-->
Родителот што дозволува сè – го разлигавува своето дете и потоа тоа им прави впечаток на другите деца дека не се доволно сакани од своите родители.
-->
Обвинувачки настроениот родител – смета дека наставникот е виновен за недостигот од развој на неговото дете и не работи со детето дома.
Апатичниот родител – не се интересира за животот на детето и не прашува какви му се оцените, како му минал денот, дали има пријатели.
-->
Родителот со став „детето не ми е вакво дома“ – негира дека тоа однесување е можно од детето и не се интересира како тоа се прилагодува кон надворешниот свет.
Родителот „ќе се обратам кај директорот“ – тој не дискутира прво со наставникот, туку веднаш се жали на некое повисоко ниво.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам)
„Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после...
И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“
„Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Моите родители се мразеа, останаа во брак само поради нас, децата - тоа е најужасната работа што ја...
„Јас не сум во брак, но една работа која никогаш нема да ја направам е да остана...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам
Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
Не ги плашат со Баба Рога: Како Јапонците ги воспитуваат децата секогаш да бидат мирни и учтиви?
На нивниот начин на вопитување се воодушевува целиот свет. Јапонците не се служа...