Кога е во ред да го излажете вашето дете?

Понекогаш, секој родител користи мали лаги со цел да го заштити своето дете. Некогаш е навистина полесно да му кажете лага на детето наместо да го соочите со суровата реалност, но сигурно сте се запрашале дали ова е во ред. 

koga-e-vo-red-da-go-izlazhete-vasheto-dete-a-koga-ne-01.jpg

Воглавно, сè зависи од ситуацијата – некогаш е подобро да излажете, но некогаш треба да ја кажете вистината. Па, погледнете кога е во ред да го излажете вашето дете, а кога не.

Кога е во ред да го излажете детето?

Лаги за охрабрување

Кога детето малку ќе порасне, може подобро да се справи со критиките и да ги искористи за да се подобри. Но додека е сè уште премногу мало, критиките можат да го повредат бидејќи не ги разбира доволно.

Доколку, на пример, вашето дете се обидува да научи некој инструмент но не му оди добро, не кажувајте му го тоа. Обидете се да го охрабрите и да го убедите дека со доволно вежбање ќе стане многу подобро.

Лажење кога реалноста е премногу сурова

Кога вашето дете е многу мало, подобро е да го заштитете ако реалноста е премногу сурова. Доколку, на пример, детето ве праша нешто во врска со убиство или друга чувствителна тема, нема потреба да му ги изнесувате сите детали.

Во спротивно ќе му создадете непотребен стрес за нешто што е надвор од негова контрола.

koga-e-vo-red-da-go-izlazhete-vasheto-dete-a-koga-ne-02.jpg

Лажење за неговиот измислен пријател

Многу родители се прашувале дали е во ред да му дозволат на детето да има свој измислен пријател. Според професионалците, овие измислени пријатели им помагаат на децата да се справат со стресот и полесно да најдат решение на некој проблем.

Покрај тоа, ова им помага да го развијат нивното социјално разбирање. Па ако детето е мало, дозволете му да го има својот измислен пријател. Доколку сепак сте загрижени, најдобро е да се консултирате со професионалец.

Преправање за време на играње

Сигурно и вие како мали сте се преправале дека сте каубој, принцеза или што било додека сте си играле. Професионалците сметаат дека ова преправање е особено важно за когнитивниот развој на децата. На некој начин, ова им помага подобро да ја разберат реалноста.

Детската имагинација е клучна за разбирањето на реалноста, па дозволете му да се преправа дека е некој друг додека си игра. Уште подобро е ако и вие се вклучите во игрите на детето.

koga-e-vo-red-da-go-izlazhete-vasheto-dete-a-koga-ne-03.jpg

Лажење за безбедност

Децата би требало да ги знаат семејните проблеми, но не до тој степен за да им предизвикуваат товар. Доколку имате посериозен семеен проблем, кажете му го на детето само она што мора да го знае, а другото чувајте го за подоцна.

Исто така, понекогаш не треба да криете дека не се согласувате со сопругот, но немојте да му ја кажувате на детето вистинската причина. Можете да му кажете дека имате проблеми, но дека работите на нив.

Кога не треба да го лажете детето?

Лаги со долгорочно негативно влијание

Дали некогаш сте го заплашиле детето со нешто за да биде послушно? Внимавајте кога го правите ова бидејќи овие лаги можат да создадат ирационални стравови кај детето што ќе траат долго.

Немојте да му кажувате дека има чудовишта под креветот или дека ќе го оставите некаде доколку не е послушно. Децата сè уште го проучуваат светот, а вашите зборови имаат големо влијание врз тоа.

koga-e-vo-red-da-go-izlazhete-vasheto-dete-a-koga-ne-04.jpg

Лага што може да води до физичка опасност

Можеби некогаш ви изгледа како добра идеја да му кажете на детето дека ќе го уапси полицаец ако не е послушно. Детето можеби ќе се смири, но во него ќе се вроди страв од полицајци.

Доколку детето се најде во опасност а вие не сте во близина, сигурно не сакате да му биде страв да побара помош.

Лажење кога вам ви е неудобно

Децата поставуваат секакви прашања, а некогаш ова може да биде навистина неудобно за вас. Но, ако не му кажете на детето за умерено консумирање алкохол, од каде доаѓаат бебињата и слично, тоа ќе ги добие информациите од друго место.

Ова не значи дека треба да бидете целосно отворени со вашите деца, туку во согласност со неговата возраст, дајте му го одговорот што е најблиску до вистината. Немојте да му ја полните главата со лажни информации.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg