30 работи кои ги преживеав во првата година од мајчинството

Во првата година новопечените мајки се соочуваат со секакви ситуации - добри и лоши, на кои денес се смеат, но и се горди – во колку од нив ќе се пронајдете?

30-raboti-koi-gi-prezhiveav-vo-prvata-godina-od-majchinstvoto-01.jpg

Џил Сидер е психотерапевтка, писател и мајка на две деца, која ги охрабрува другите мајки и им го олеснува процесот на мајчинство со советите и нејзините искуства.

И таа како мајка се соочувала со нови предизвици исто како и сите останати, па во неколку духовити реченици одлучи да сподели како изгледала првата година од нејзиното мајчинство.

Џил точно знае низ што поминува секоја мајка и тврди дека мајките треба да се почитуваат себеси и да го слават своето постоење.

30 работи кои психотерапевтката ги преживеала во првата година од мајчинството на кои денес е горда:

1. Преживеав 12 часа дневно сама со новороденче и две заспани мачки.

30-raboti-koi-gi-prezhiveav-vo-prvata-godina-od-majchinstvoto-02.jpg

2. Го совладав куцањето на телефон додека дојам, а најголем успех постигнав со куцање во темница.

30-raboti-koi-gi-prezhiveav-vo-prvata-godina-od-majchinstvoto-03.jpg

3. По 3 недели престанав да се грижам за тоа дали мојата брадавица му е позната на секој келнер во локалните кафулиња.

4. Плачев само 5 минути кога заборавив на градите да ставам заштитни перничиња, па млекото ми протече по цела продавница.

5. Син ми не изеде ниту еден предмет кој е толку опасен за да мора да се оди во болница.

6. Научив како да правам детска храна, а да не си го отрујам детето.

30-raboti-koi-gi-prezhiveav-vo-prvata-godina-od-majchinstvoto-04.jpg

7. Не купував секогаш домашна, органска храна и сепак, не го отрув.

8. Заспивав за време на доењето речиси секоја втора вечер и никогаш не ми падна од раце.

9. Ми се измочка во фаца само двапати.

10. Никогаш не му се случи ненадејно да изврши голема нужда додека го бањам.

11. Се помирив со постојаното перење облека и со тоа што оваа активност ми го замени излегувањето со пријателки.

30-raboti-koi-gi-prezhiveav-vo-prvata-godina-od-majchinstvoto-05.jpg

12. Имавме само една епизода со повраќање како од фонтана.

13. Не заборавив дека имам дете и никогаш не ми се случи да го заборавам некаде.

14. Само еднаш ми се случи да носам неусогласен пар чевли на работа.

15. Со сопругот не сме разведени, иако неколкупати размислував за тоа.

30-raboti-koi-gi-prezhiveav-vo-prvata-godina-od-majchinstvoto-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg