Тврдоглавите и бунтовните деца имаат поголема шанса да успеат во животот

Тврдоглавите деца можат да бидат кошмар. Понекогаш не разбираме зошто не нè слушаат и зошто се однесуваат лошо. 

Tvrdoglavite I buntovnite deca imaat pogolema sansa da uspeat vo zivotot 01

Не ги знаеме причините што ги поттикнуваат да му се спротивстават на нашиот авторитет, а некои од нивните постапки дури нè наведуваат да мислиме дека сме лоши родители.

Но не се грижете, има нешто позитивно за сето ова. Според најновите истражувања, бунтовните деца веројатно ќе станат успешни во иднината.

Еве што вели науката за бунтовните деца:

Кога децата ќе започнат да учат, ние веруваме дека треба да исполнат одредени очекувања, како што се добивање на добри оценки, соодветно однесување и послушност, почит и смиреност, за да имаат успешна иднина.

Според истражувањето, кое траело 40 години, децата кои обично го негирале авторитетот, кои ги преиспитувале работите и очекувањата, имале креативна предност, кога станува збор за нови идеи или започнување бизнис.

Оние кои се сметале за бунтовници, непослушни, агресивни и тврдоглави, стигнале до важни позиции на работното место и заработувале повеќе пари од оние кои имале подобри оценки.

Tvrdoglavite I buntovnite deca imaat pogolema sansa da uspeat vo zivotot 02

Карактеристиките и однесувањето на самите ученици имаат значајна улога во овој процес. Поседување на добри когнитивни вештини и припаѓање на повисоко ниво на општество не мора да гарантира успех во животот.

Од друга страна, квалитетот на стручната и академската обука, покрај интересот и одговорноста, што детето го развива во текот на целиот живот, се одлучувачки фактори кои им помагаат за постигнување на успех во зрелоста.

tvrdoglavite-i-buntovnite-deca-imaat-pogolema-sansa-da-uspeat-vo-zivotot-003.jpeg

Успехот на бунтовните деца во зрелоста може да биде резултат на нивната себичност и нивната способност да ги стават своите интереси во прв план.

Бидејќи не ги почитуваат правилата, тие стануваат експерти во преговори и ја бранат платата што ја сакаат, а нивното непочитување секогаш ги наведува да бараат најатрактивна опција.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg