Кога бебињата почнуваат да се смеат?

Иако некои бебиња ја покажуваат нивната насмевка уште пред да се родат, најчесто новороденчињата почнуваат да се насмевнуваат откако ќе наполнат два месеци. Сепак, некои експерти сметаат дека бебето може да почне да се смее уште на шест недели.

koga-bebinjata-pochnuvaat-da-se-smeat-01.jpg

Но која е причината за овие насмевки и како можете да ги поттикнете?

Кога можете да ја очекувате првата „социјална насмевка“

Првите насмевки на детето се познати и како социјални насмевки и најчесто се појавуваат кога бебето ќе наполни два месеца. Сепак, некои бебиња почнуваат да смеат уште на шест недели, а некои подоцна од три месеци. Воглавно, сè зависи од бебето.

Постои разлика помеѓу социјалните насмевки и оние што се резултат на рефлекс. Социјалната насмевка најчесто е директен одговор на нешто, како на пример забавно читање на сликовница или менување на пелена. Доколку вашето малечко се насмевнува на овие стимули, тогаш станува збор за вистинска насмевка.

Понекогаш бебињата се насмевнуваат и кога ќе ја видат својата мајка. Дури и кај новороденчињата постои емоционална поврзаност која е многу видлива кога прв пат ќе се насмеат.

Од друга страна, доколку насмевката е кратка и без некоја причина, како за време на спиење, најверојатно станува збор за рефлекс.

koga-bebinjata-pochnuvaat-da-se-smeat-02.jpg

Што ќе се случи со развојот на бебето после првата социјална насмевка?

Насмевката е како еден вид комуникација за бебињата. Тие сакаат да го гледаат вашето лице одблиску и се обидуваат да ги сфатат вашите изрази.

Кога бебето се насмевнува, тоа реагира на надворешните стимули и истовремено сфаќа дека добива позитивни емоции од возрасниот, па учи како повторно да се насмее. Бебето сфаќа дека насмевката е вид интеракција.

koga-bebinjata-pochnuvaat-da-se-smeat-03.jpg

Како да го поттикнете смеењето кај вашето бебе?

Најдобриот начин да го охрабрите вашето малечко да се насмевне е да му зборувате. Бидејќи видот на бебињата не е добро развиен, најдобро е да бидете блиску до вашето малечко.

Тоа што сте родители на бебето ви дава предност - новороденчињата настојуваат прво да им се насмевнуваат на своите родители, а дури потоа на странци.

Друг начин е драматизирањето. Па, слободно пејте му на вашето малечко или раскажувајте му приказни со малку глума. Добро е одвреме-навреме да му ја покажете и вашата насмевка.

И некои игри, како кревање на бебето или скокоткање можат да направат да се насмее. Додека да наполни 4 и пол до 5 месеци, насмевката на бебето ќе биде придружена и со гласна смеа.

koga-bebinjata-pochnuvaat-da-se-smeat-04.jpg

Кога треба да се загрижите?

Доколку веќе поминале три месеци а вашето малечко не почнало да се насмевнува, добро е да разговарате со вашиот педијатар. Сепак, немојте премногу да се грижите бидејќи секое бебе е различно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Не е важно дали сте го загубиле бебето во 6-ата или 20-тата недела – вашата загуба е тешка Без разлика дали претходно не сте имале деца. Без разлика дали веќе имате дете. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg