Како изгледа мајчинството кога никој не гледа и не го маскираме животот за Инстаграм?

Ова е вистинскиот живот... вака изгледа мајчинството кога никој не гледа. Кога нема никој да ја суди мајката по нејзината облека, шминка, куќа од соништата или што уверува дека нејзините деца се толку добро воспитани.

kako-izgleda-majchinstvoto-koga-nikoj-ne-gleda-i-ne-go-maskirame-zhivotot-za-instagram-01.jpg

Ова е мајката која после цел ден на работа, ги земала децата од градинка и стигнала дома во рок од 20 минути.

Ова е мајката која зборува искрено после зготвената вечера, обидот за чистење на куќата, бањањето на децата, држење на едното додека го облекува другото и смирувањето.

Ова е исцрпување.

Ова е премногу мачно.

Ова е чувство на пораз.

Но и покрај тоа, мајчинството е сакање на сопствените деца толку многу, со секој дел од телото и душата.

Мајчинството е вложување труд со секоја коска од телото да го направите најдоброто за денот да биде успешен, да им го овозможите на децата најдоброто и потребното – дури и кога се рушите одвнатре.

Ова е животот на мајка која има потреба од само ДВЕ минути тишина, далеку од светот, да вдише длабоко, да се наполни со сила и да продолжи со километарскиот список со работи кои има да ги доврши додека да ја стави сопствената глава на перница и да заспие.

Ова е мајчинството зад лажниот, совршен живот на Инстаграм, зад совршено уредените фотки со децата направени по 150 обиди.

До сите мајки – не сте сами. Не сте единствени кои се прашувате како е можно животот на Инстаграм мајките да биде толку совршен. Не е.

Целиот свет е преполн со мајки, совршени мајки, кои исто така ги доживуваат истите моменти како и вие.

И дури и кога ги имате најтешките моменти во животот, тука сте и се издигнувате за да бидете подобра за вашето бебе.

Уживајте во сите хаотични моменти, а кога ви е најтешко, кажете си нешто позитивно што сте направиле. Охрабрете се и вратете се во кругот.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg