Работи што воопшто нема потреба да ги купувате пред раѓањето на вашето дете

Секој родител сака да му го овозможи најдоброто на своето дете, па не чудно што новите родители или оние кои очекуваат дете купуваат секакви работи.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-01.jpg

Но, изгледа дека нема потреба да купувате играчки, колички, па дури и креветчиња пред да се роди вашето дете. 

Креветче

Немојте да купувате креветче за вашето бебе сè додека не одлучите кој начин на спиење ви е најудобен. Можете да ја подготвите собата, но немојте да купувате креветче додека не сте сигурни дека мајката и детето можат да спијат одвоено.

Воглавно, новороденчињата немаат проблем да спијат сами, но после 6 месеци, тие ќе бараат повеќе внимание навечер. Понекогаш во овој случај подобро е да имате корпа до вас во која ќе спие бебето, наместо цел кревет за него.

Кога детето ќе ја надрасне корпата најверојатно ќе ви треба креветче, но добро е да почекате да дојде тој момент.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-02.jpg

Маса за пресоблекување

Можеби сметате дека масите за пресоблекување се побезбедни, но каде и да го ставите детето, тоа може да падне. Подобро е да набавите водоотпорен душек на кој ќе го пресоблекувате вашето дете.

Според педијатрите, најлесно ќе го пресоблечете детето ако го ставите на креветот а вие седнете на земјата. Креветот е доволно голем за бебето да не падне, а нема залудно да давате пари за нешто што не ви е потребно.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-03.jpg

Корито

Слободно можете да го бањате вашето дете во кадата. Единственото нешто на коешто треба да внимавате е кадата да биде чиста пред секое капење. Па, нема потреба да давате пари за бебешко корито.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-04.jpg

Количка со сенка

Количките со сенка можат да бидат навистина скапа. Кога купувате количка, најважно е да внимавате на нејзината тежина, бидејќи воопшто не е лесно да се справите со тешка количка. Но наместо да купите, уште подобро е ако можете да позајмете од некого или да купите на старо.

Детето брзо ќе ја надрасне количката, па нема потреба да давате многу пари за краток период.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg