„Уште не те познавам, но те сакам“: Емотивното писмо до идната снаа од мајка на три момчиња
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 21-10-2019


„Уште не те познавам, но те сакам“: Емотивното писмо до идната снаа од мајка на три момчиња

Факт е дека врската помеѓу свекрвата и снаата доаѓа во сите форми. Од согласување и љубов, па сѐ до конфликти и сериозни проблеми, понекогаш изгледа како снаите и свекрвите никако да не можат да најдат компромис.

ushte-ne-te-poznavam-no-te-sakam-emotivno-pismo-do-idnata-snaa-od-majka-na-tri-momchinja-01.jpg

Кога има проблем, пак, вината постојано се префрла и на несогласувањата им нема крај.

Но, Рејчел Болеј е жена што секоја девојка би ја сакала за свекрва. Всушност, токму тоа биле коментарите на жените што го прочитале нејзиното писмо.

Рејчел е мајка на три деца и решила да напише отворено писмо до нејзината идна снаа.

ushte-ne-te-poznavam-no-te-sakam-emotivno-pismo-do-idnata-snaa-od-majka-na-tri-momchinja-02.jpg

На почетокот, таа истакнува дека иако нејзините синови сè уште се мали, таа сепак смета дека одгледува мажи, кои еден ден ќе станат нечии сопрузи и татковци.

Според неа, ова се некои од најважните улоги во животот, а нејзина задача да е да им покаже како да ги играат.

Прочитајте го нејзиното писмо:

„Еден ден, ти ќе го заземаш моето место. Затоа, мои идни снаи, сакам да ви кажам нешто.

Уште не те познавам, но веќе те сакам. Те сакам затоа што еден ден ти ќе го сакаш мојот син. И тој ќе ти ја возврати љубовта. Ќе дојде ден кога ова несмасно, смешно момче ќе ти припаѓа тебе.

Секогаш ќе биде мој, но на многу начини ти ќе го заземаш моето место. Твоите раце ќе ги заменат моите, во твоите очи ќе наоѓа мир, твоето срце ќе биде неговиот дом.

Ти ќе бидеш таа што ќе го бакнува за добра ноќ. Ти ќе ги делиш соништата со него, ќе го тешиш кога е тажен, ќе го држиш неговото срце. Еден ден, ти ќе бидеш таа.

ushte-ne-te-poznavam-no-te-sakam-emotivno-pismo-do-idnata-snaa-od-majka-na-tri-momchinja-03.jpg

Секогаш мислев дека требало да имам ќерка. Сега знам дека тоа си ти. Се молам за тебе секој ден, исто како што се молам и за моите синови. Сега си им цел свет на твоите родители, како што моите синови ми се мене.

Се молам да те сакаат, поддржуваат и да веруваат во тебе, да те учат да се сакаш себеси, бидејќи без тоа нема да знаеш да сакаш други. Се молам секој ден да ти покажуваат каков дар си. Ги одгледувам моите синови да те гледаат на ист начин.

Се надевам дека знаеш колку си вредна и дека се почитуваш себеси. И дека на ист начин ги почитуваш и другите. Сакам да знаеш дека иако ќе направам многу грешки, одлучна да сум да го одгледам син ми да те почитува.

Не можам да ги преземам сите заслуги и сите одговорности за неговите доблести и мани. На ова ме научи мојата мајка.

Тој е свој човек. Тој си има свои недостатоци. Ќе ги научиш и еден ден ќе го познаваш подобро од кој било на светот. Дај му простор да биде свој, а јас ќе го научам како да го прави истото со тебе.

Тој нема да те исполни и ти нема да го исполниш него. Само Бог може да го направи тоа. Но, се молам да се охрабрувате еден со друг и заедно да бидете подобри, отколку кога сте сами.

Ти ветувам дека ќе те пуштам внатре. Ќе ги споделам моите тајни за него за да можеш да го сакаш најдобро. Кога ќе дојде време, ќе ти го доверам неговото срце, исто како ти што ќе му го довериш твоето.

Го учам да го цени женското срце. Го учам дека е бесценето и дека штом ќе се скрши, никогаш нема да биде како претходно.

ushte-ne-te-poznavam-no-te-sakam-emotivno-pismo-do-idnata-snaa-od-majka-na-tri-momchinja-04.jpg

Се надевам дека како што вие двајцата заедно ќе си го градите животот, нема да заборавите како бил изграден тој живот. Бидете силни заедно. Ќе си требате во овој живот. Иако го учам да те посакува наместо да му требаш, ќе има периоди кога ќе му требаш. И тој ќе ти треба тебе. Биди таму.

Поддржувајте се еден со друг. Сакајте се еден со друг. Одберете се еден со друг.

Ти ветувам дека секој ден ќе му ги кажувам овие лекции на синот. Ќе го посеам семето на љубовта во неговото срце. Ти ветувам ќе му покажам како да се грижи за себе. Како да пере облека и да мие садови и никогаш да не очекува ти да правиш сè.

Ветувам дека ќе го научам како да биде доволен за себе, за да може да биде овде за тебе.

Има многу години додека да се сретнеме. Но, секој ден до тогаш, ќе се молам за тебе. Ќе те сакам. А кога ќе те сретнам, ќе те сакам уште повеќе.

Бидејќи ти ќе го сакаш син ми и ќе станеш моја ќерка.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

До оној што го изгубив пред воопшто да го имам... Многу доцна дознав дека постоиш. Се радував за тебе едвај два месеца. Но, не ми ...
Заклетвата на секоја мајка... Се викам мама. Некои ме викаат мајка. Некогаш и по име. Понекогаш и плачот ќе би...
Ние бевме добри деца, но сме лоши родители и нема потреба да ја обвину... Животе, компоте. Од ајвар и компот сме израснати, со солзи, срушени надежи и сри...