Исповед на една мајка: 10 причини зошто не сакам второ дете

Ми недостасува сопругот

Искрено, не можам да се сетам кога последен пат сме отишле сами на вечера со сопругот. Ми недостасува да разговарам со него за што било друго, освен за работите што ќерка ни ги направила тој ден.

ispoved-na-edna-majka-10-prichini-zoshto-ne-sakam-da-imam-dete-04.jpg

Штедењето за факултет е застрашувачко

Високото образование е скапо, па рано го започнувам училишниот фонд на моето дете.

Кога ќе се земе предвид колку е скап факултетот, сигурна сум дека не можам да му го овозможам на уште едно дете.

Сонувам за семеен одмор

Иако сè уште се обидуваме да заштедиме за образованието на ќерката, би сакала да одвојам средства за неколку прекрасни семејни одмори.

Сакам да одам во странство и да ги истражувам разните култури и обичаи. Се надевам дека ова ќе го правиме кога ќерката ќе биде тинејџерка, па имаме уште време за штедење.

ispoved-na-edna-majka-10-prichini-zoshto-ne-sakam-da-imam-dete-05.jpg

Сакав да сум единец

Моето семејство ми кажува дека рано сум одлучила дека сакам да бидам единец.

Никогаш не морало да ја делам собата и го имав целото внимание на родителите.

Можеби ова ме направило разгалена, но сето тоа ми помогнало да станам личноста којашто сум денес.

Нема гаранција

Додека растев, морав да се справам со смртта на саканите членови од семејството. Понекогаш сакав да имам брат или сестра со кои ќе ја споделам тагата, но сега сфатив дека нема гаранција за тоа.

Не знам дали моите браќа или сестри воопшто би биле тука за мене. Сопругот не е близок со неговите браќа и сестри. Едноставно, никогаш не знаете што ќе добиете.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg