Оставете ги да спијат подолго - 13 тајни со кои мајките од Холандија растат среќни деца

Науката покажала дека децата од Холандија се многу посреќни, за разлика од нивните врсници ширум светот.

dozvolete-im-da-spijat-podolgo-13-tajni-na-majkite-od-holandija-za-odgleduvanje-srekjni-deca-01.jpg

Па, иако во холандскиот начин на воспитување деца нема некоја голема тајна, сепак изгледа дека функционира одлично.

Доколку сакате да дознаете што прават холандските мајки што ги истакнува од другите, продолжете со читање.

Дозволете им на децата да спијат подолго

Децата во Холандија неретко се занимаваат со помирни активности, без многу дистракции. Ова им помага да се релаксираат и го подобрува квалитетот на нивниот сон.

Некои истражувања покажале дека бебињата од Холандија на 6-месечна возраст, спијат дури 2 часа повеќе од бебињата во САД. А бидејќи децата спијат подолго, мајките имаат повеќе време за себе и се чувствуваат подобро.

Дозволете им да јадат чоколадо за појадок

Можеби ова ви звучи како лоша идеја, но не и на мајките од Холандија. Овие родители веруваат дека ако им дозволат на децата мала количина чоколадо наутро, тоа нема да биде табу, а тие подобро ќе ја контролираат нивната желба за храна.

Најчесто децата појадуваат чокладни троши, во Холандија познати како hagelslag. 

Важно е да ги научите децата дека и чоколадото може да биде добро, доколку се јаде умерено.

dozvolete-im-da-spijat-podolgo-13-tajni-na-majkite-od-holandija-za-odgleduvanje-srekjni-deca-02.jpg

Покажете им дека парите не се важни

Холанѓаните се фокусираат на едноставниот живот. Тамошните деца се навикнати на играчки купени на старо и знаат дека ако сакаат нешто, мораат да работат за тоа.

Ова ги прави Холанѓаните прагматични и уверени и им ги намалува грижите за нивниот финансиски статус.

Дури и кога децата прославуваат роденден, тие не очекуваат скапи подароци.

Дозволете им на членовите од семејството да минуваат време со нив

Во оваа држава, децата минуваат многу повеќе време со нивните татковци. Голем број мажи работат 4 денови во неделата, а барем еден ден го посветуваат на нивните деца.

Овде постои и посебен ден кога децата се оставани со нивните баби и дедовци. Се проценува дека 50% до 60% од бабите и дедовците во Холандија, се грижат за своите внуци.

dozvolete-im-da-spijat-podolgo-13-tajni-na-majkite-od-holandija-za-odgleduvanje-srekjni-deca-03.jpg

Охрабрете ги да го искажат своето мислење

Во холандските семејства сите имаат право на збор.

Иако понекогаш преговарањето со 3-годишно дете е заморно, родителите веруваат дека ова им помага на децата да научат да се искажуваат.

Истовремено, родителите ги создаваат правилата во домот заедно со нивните деца.

Направете си ваши семејни ритуали

Можеби најсилниот столб на холандските семејства е нивната рутина. Кога ќе имате распоред, децата секогаш ќе знаат кога е време за спиење, учење, јадење и слично.

Покрај тоа, Холанѓаните навистина ги ценат семејните оброци. Ова е време само за семејството и можност да се поврзат едни со други.

dozvolete-im-da-spijat-podolgo-13-tajni-na-majkite-od-holandija-za-odgleduvanje-srekjni-deca-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Ние мајките постојано се извинуваме - за немирното дете, за нечистиот дом, затоа што ни е потребен о... Се извинуваме затоа што нашето дете не се вклопува во „нормалата“ или затоа што ...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg