Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која ме научи никогаш да не се откажувам од себе


Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која ме научи никогаш да не се откажувам од себе

Сè што сум денес и што сум постигнала, ѝ го должам на една личност во мојот живот. Мојата мајка.

silna-sum-bidejkji-sum-izrasnata-od-majka-koja-me-nauchi-nikogash-da-ne-se-otkazhuvam-od-sebe-01.jpg

Заради неа, се чувствувам доволно самоуверено да се исправам гордо и да се борам за она во што верувам. Заради неа, знам колку вредам. Заради неа, не се плашам понекогаш да доживеам неуспех.

Заради неа, јас сум искрена и скромна личност која сака да им помага на другите. Заради неа, знам како да се грижам за себеси. Заради неа, знам што значи да почувствуваш вистинска љубов.

Заради неа, јас сум силна...

Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која ме научи никогаш да не се откажувам од себеси. Ме научи да станам дури и откако ќе паднам и повторно да се обидам.

Да си кажам дека можам да направам сè што ќе замислам. Ми помогна да го прифатам фактот дека сум само човек кој понекогаш може да згреши и нема зошто да се срами заради тоа.

Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која ме научи дека почитта кон себеси е најважното нешто во животот. Ме научи дека морам прво јас да се сакам, за да ме сакаат и другите.

Бидејќи вредам. И ме научи дека не смеам да дозволам никој да ме увери во спротивното.

Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која ме научи што е вистинска љубов. Имав среќа што растев во хармонично семејство полно со љубов, кое ми покажа дека љубовта е најсилното оружје, со кое може да се победи секоја битка.

Токму затоа, денес не можам да живеам и да прифатам нешто помалку од вистинско чувство на љубов.

Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која ме научи дека ако си емотивен, не значи и дека си слаб. Таа ми покажа дека искажувањето чувства не е ништо срамно, туку напротив, се работи за карактеристика на која треба да се гордеам, бидејќи ретко кој знае да искаже што чувствува.

Благодарение на неа, сфатив дека всушност, да бидеш ранлив во овој суров и брутален свет, е силна страна.

Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која секогаш беше тука за мене. Секогаш стоеше покрај мене да ме крене кога ќе паднам. Секогаш беше тука да ми помогне да си ги научам животните лекции.

И за да зборува со мене за сите проблеми и грижи кои ме мачеа. Секогаш достапна за совети и подготвена да се жртвува себеси за мое добро.

Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која секогаш ме потсетуваше колку вредам. Личност која секогаш ме учеше дека никогаш не смеам да се откажувам од моите соништа заради другите.

Прекрасен човек кој секогаш ми велеше дека треба да ја држам главата исправено и никогаш да не дозволам некој да ја искористи мојата љубезност.

Силна сум бидејќи сум израсната од мајка која ме научи дека добрината и искреноста се клучеви за среќата.

Силна сум бидејќи имав среќа да бидам донесена на овој свет од неа. Чиста, искрена и прекрасна личност чие срце е полно со љубов. Исклучително човечко суштество чија душа сјае посилно од утринското сонце.

Вистински пример. Вистински инспирација.

- Посвета за сите мајки!  

Извор

Би можело да ве интересира:

Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата? Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фр...
Мајка дои на под во воз, откако никој не ѝ отстапил место Разочарана мајка раскажува за нечувствителноста и некултурата на луѓето: „Додека...
Мајка го родила второто близначе 11 седмици по првото Вакво медицинско чудо се случува еднаш во 50 милиони случаи, а во Казахстан ова ...