Како се менува животот по смртта на родителите и како да се справите со тоа?

Животот е навистина непредвидлив и никогаш не знаете што може да ви се случи следната минута.

kako-se-menuva-zhivotot-po-smrtta-na-roditelite-i-kako-da-se-spravite-so-toa-01.jpg

Поради ова, секој од нас се обидува да го живее животот до максимум и да ги прави нештата што ги сака.

Но, додека сте зафатени со ова, веројатно заборавате на многу работи. На пример, кога ќе пораснете, не им го давате истото внимание на вашите родители.

Вашето секојдневие е полно со обврски, кои сметате дека се поважни од вашите родители. Но, дури и ако не сте се оддалечиле од родителите, ќе ја сфатите нивната вистинска вредност дури откако ќе ги изгубите.

Губењето родител е навистина болно, но за жал, секој треба да биде подготвен на ова.

Затоа, добро е да знаете како ќе се промени вашиот живот откако ќе ги изгубите родителите.

Физички ќе ги чувствувате тагата и емоционалната болка

Смртта на родителите нема да предизвика само емоционална, туку ќе предизвика и физичка болка.

Траумата од загубата може физички да ве разболи, па овој период обрнете внимание на вашето здравје. Грижете се вашите тело, ум и дух, за побрзо да го надминете процесот на тагување.

kako-se-menuva-zhivotot-po-smrtta-na-roditelite-i-kako-da-se-spravite-so-toa-02.jpg

Ќе бидете преплавени со негативни емоции

Смртта на родителите ќе предизвика тага, но и вина, гнев, осаменост и ред други негативни емоции.

Овие емоции ќе имаат лошо влијание врз вас, но не смеете да им дозволите да ве надвладеат. Сфатете дека не можете да промените ништо, па прифатете ги емоциите и дозволете им да поминат.

Ќе бидете анксиозни и под стрес

Кога сте соочени со навистина стресна ситуација, можат да ве иритираат и најмалите нешта.

Можно е дури да почнете да се грижите за вашето, или здравјето на партнерот или децата. Ќе се грижите за сè, а овој период постои ризик да се појават депресија, анксиозност или злоупотреба на супстанци.

kako-se-menuva-zhivotot-po-smrtta-na-roditelite-i-kako-da-se-spravite-so-toa-03.jpg

Нема да го поднесувате жалењето на другите за нивните родители

Кога ќе ги изгубите родителите засекогаш, ќе го сфатите нивното вистинско влијание врз вашиот живот.

Повеќе нема кој да ви го облече палтото или по цел ден да слуша за вашите проблеми.

Па, кога ќе слушнете дека некој се жали за неговите родители и не го цени тоа што ги има, ќе бидете гневни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg