Разбудете го детето во себе - детските игри како психотерапија

Играта веројатно е најстарата форма на социјална интеракција и постои како составен дел од секоја култура. 

razbudete-go-deteto-vo-sebe-detskite-igri-kako-psihoterapija-01.jpg

Дури, холандскиот историчар на културата Јохан Хуизинга сметал дека играта се појавила пред културата и дека таа е основа за подоцнежните сложени појави како уметноста, војната, јазикот и филозофијата.

Играта за првпат била вклучена во психотерапијата во раните 1900-ти години од раните психоаналитичари - првата забележана примена на „play терапија“ се јавува од страна на Фројд со малиот Ханс и неговиот случај на анксиозност.

Неговата ќерка Ана Фројд при работата со деца го заменува зборувањето со игра и била првата која препознала дека на децата им е потребен друг вид на терапија од оној на возрасните.

Razbudete-go-vnatreshnoto-dete-igrata-mozhe-da-bide-i-terapija-01.jpg

Студентката на Фројд, Мелани Клајн е развивала методи на терапија со игра како начин на истражување на детското несвесно.

Сепак, иако овој тип на терапија најчесто се користи во работата со деца од 3 до 12 годишна возраст, таа е достапна и за работа со адолесценти и возрасни лица.

Во кои случаи се користи терапијата преку игра?

  • При трауматски и стресни настани како болест, злоупотреба, семејно насилство

  • При ментални нарушувања и состојби како депресија, аутизам, АДХД (синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност)

  • При проблеми со однесување

  • При проблеми со агресија

  • При потешкотии со учење

Како изгледа терапијата преку игра?

Терапевтот кој го практикува овој вид на терапија обично има приспособена соба со различни видови играчки и помагала - кукли, фигури на животни или храна, колички, музички инструменти, разни видови на бои за цртање, сликање и боење, книги, терапевтски игри со инструкции и слично.

Каков тип на терапија ќе се практикува зависи од пристапот на самиот терапевт и од природата на проблемот.

Може да се користи недирективен и неструктуриран пристап, преку кој на детето му е дадена слобода самото да се изрази и да ги реши предизвиците, додека терапевтот набљудува и учествува со минимални интервенции.

Преку директивната игра, терапевтот учествува во активностите и дава упатства по кои се одвива играта.

Razbudete-go-vnatreshnoto-dete-igrata-mozhe-da-bide-i-terapija-02.jpg

Една сесија се одвива во времетраење од 30 до 50 минути. Активностите кои се преземаат зависат од темата на која се работи, прилагодени за возраста на детето.

На тој начин, децата се поттикнуваат подобро да го изразат својот внатрешен свет на начин кој им е близок - со игра наместо говор. Преку чекорите кои ги презема детето во играта, терапевтот може да стекне увид во мислите и чувствата кои не се изразени.

Со употребата на овие техники во работа со возрасни, им се овозможува да работат на теми од своето детство и будење на внатрешното дете.

A. T. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
Мајка стана вирален хит со воспитувањето на синовите – ги учи да чистат и да ги делат обврските со и... „Кога добив синови, сакав да бидам сигурна дека ќе имаат почит кон девојчињата“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg