Која е сендвич генерацијата и како да се справите со притисокот ако спаѓате овде?

Се будите наутро и првото нешто на коешто помислувате се многуте обврски што ве чекаат. Да ги посетите родителите и да им однесете лекови, да ги земете децата од училиште, да го исчистите домот и како ова да не е малку, треба да одите и на работа.

koja-e-sendvich-generacijata-i-kako-da-se-spravite-so-pritisokot-ako-spagjate-ovde-01.jpg

Едноставно, вие сте притиснати помеѓу вашите родители и деца и сите останати обврски во денот.

Доколку сето ова ви звучи познато, верувајте дека не сте единствените. Истовремено, добро е да знаете дека постои начин да излезете на крај со сите обврски и да го намалите нивото на стрес во вашиот живот.

Која е сендвич генерацијата?

Терминот сендвич генерација се однесува на возрасни луѓе кои се грижат за нивните постари родители, а кои истовремено се грижат и за нивните малолетни деца или им помагаат на возрасните деца.

Овие луѓе се „притиснати“ помеѓу семејните обврски, исто како да се наоѓаат во сендвич.

Иако е сосема нормално да се грижите за вашето семејство, животот може да ви стане навистина стресен ако треба да понудите финансиска и емоционална поддршка на луѓе од две генерации.

Па, како можете да се справите со целиот притисок?

koja-e-sendvich-generacijata-i-kako-da-se-spravite-so-pritisokot-ako-spagjate-ovde-02.jpg

Разговарајте со вашиот работодавец за сите бенефиции што ги нуди компанијата

Некои компании нудат бенефиции за своите вработени кои се грижат за големи семејства. Овде може да спаѓа работење од дома, флексибилен распоред за работа, некаков попуст за постари лица и слично.

Немојте да ги криете вашите грижи од вашиот шеф и кажете за притисокот со којшто сте соочени.

Сепак, вашиот работодавец има потреба да бидете одморени и добро да си ја завршувате работата, па сигурно ќе ви излезе во пресрет.

Поделете го товарот

Дури и ако успешно ги завршувате сите обврски, не треба самите да правите сè.

Искористете ги членовите од семејството и почнете да ги делите обврските.

На пример, кога децата ќе се вратат од училиште замолете ги да помогнат во чистењето на домот. Ова не само што ќе ви помогне вам, туку ќе ги научите децата на одговорност.

Исто така, доколку имате браќа или сестри, и тие можат да помогнат во грижата за постарите родители.

koja-e-sendvich-generacijata-i-kako-da-se-spravite-so-pritisokot-ako-spagjate-ovde-03.jpg

Планирајте однапред

Добро би било однапред да ги дискутирате најважните работи со вашето семејство.

Разговарајте со вашите родители за нивните планови за живеење и разговарајте со вашите деца за факултет пред да завршат средно.

Ставете се на прво место

Вие не сте робот и треба да се одморите. Па, во вашиот распоред додајте време за себе, без разлика колку мислите дека сте зафатени.

Обидете се секој ден да правите нешто за себе, без разлика дали ќе излезете, ќе прочитате некоја книга или само ќе одморете.

Исто така, не заборавајте на здравата исхрана, квалитетниот сон и емоционалната поддршка од пријателите.

Навистина е тешко да се грижите за другите ако не се грижите за себе, па бидете малку себични.

koja-e-sendvich-generacijata-i-kako-da-se-spravite-so-pritisokot-ako-spagjate-ovde-04.jpg

Поставете си приоритети

Навистина е тешко да се справите со обврските кога ќе се натрупаат и не знаете од каде да почнете.

Затоа, направете си листа со најважните обврски и завршете ги најпрви. Ова ќе ви го намали стресот и ќе ви помогне да бидете поефикасни.

Побарајте помош од заедницата

Покрај поддршката од семејството, можете да побарате помош и надвор. Доколку не познавате никој во слична ситуација, секогаш можете да најдете некоја група за поддршка на интернет.

koja-e-sendvich-generacijata-i-kako-da-se-spravite-so-pritisokot-ako-spagjate-ovde-05.jpg

Имајте заштеда за итни случаи

Експертите сметаат дека е најдобро да имате заштедено доволно пари за да преживеете најмалку три месеци.

На овој начин нема да треба да користите кредитни картички или да позајмувате пари кога ќе излезат непланирани трошоци.

Споделувајте ги сите вести одеднаш

Навистина е тешко кога треба да им кажете на неколку луѓе како се вашите родители или како поминало детето на училиште. За да си ја олесните ситуацијата, направете групен мејл и одеднаш испратете ги сите новости што треба да ги споделите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg