Знај дека никогаш не си сама - 20 работи кои секоја мајка треба да ги слушне

Мајка. Личноста за која сме сигурни дека нѐ сака повеќе од себеси. Толку мила и нежна, а сепак силна и стабилна. За нашата среќа подготвена на сѐ.

Znaj-deka-nikogash-ne-si-sama-20-raboti-koi-sekoja-majka-treba-da-gi-chue 01 630x340.jpg

Наш учител и најдобар пријател. Замислете... Целиот живот да го посветиш некому. Да жртвуваш сѐ само за нечија насмевка.  

Точно е, сите се радуваме на подароци. Без разлика дали станува збор за цвеќе, слатки, добра книга..

Но, постои нешто што е посилно од било кој подарок. Тоа е зборот.

Зборовите имаат сила да згреат сечие срце.

Па, кога последен пат сте упатиле убав збор кон вашата мајка?

Кон жената која ве донела на овој свет, која со труд и пот ве израснала и ве изградила во личност којашто сте денес.

Една обична прегратка и убав збор за вас можеби не значи ништо, но за неа тоа претставува цел свет.

Затоа, седнете пет минути и здивнете. Размислете, колку е краток животот?

Зарем нечија загуба треба да ве потсети колку треба да ги цените вистинските нешта, сега и во овој момент?

Преземете иницијатива.

Никогаш не е доцна за промена, за насмевка на лицето на жената-суперхерој, наречена мајка.

Во продолжение ви наведуваме 20 реченици кои секоја мајка би сакала да ги слушне:

„Ти си секогаш тука.“

„Ти си навистина сакана жена.“

„Знај дека никогаш не си сама.“

„Јас сум среќен/на.“

„Резервирав во твојот омилен ресторан, четврток, 19:30 часот биди спремна.“

„Ти си многу убава жена.“

„Навистина ти се восхитувам.“

„Од каде ја црпиш сета таа енергија?“

„Моите деца ја имаат најдобрата баба на светот.“

„Има ли нешто што те мачи?“

Znaj-deka-nikogash-ne-si-sama-20-raboti-koi-sekoja-majka-treba-da-gi-chue 02 630x300.jpg

„Ти секогаш правиш сѐ да изгледа полесно отколку што навистина е“.

„Тато мора да е среќен што те има.“

„Не сакав да го направам тоа, извини.“

„Во право си.“

„Би сакал/а да сум половина од личноста каква што си ти.“

„Ти си најдобрата мајка.“

„Ти секогаш ми ги даваш најдобрите совети.“

„Твојата прегратка ги лечи сите рани.“

„Ти благодарам за сѐ“.

„Те сакам, мамо“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg