Жртвите на нашите родители што не ги ни забележуваме


Жртвите на нашите родители што не ги ни забележуваме

Кога сме млади, речиси сите ја земаме љубовта на родителите здраво за готово. Па, не ги цениме и не ги почитуваме колку што заслужуваат.

zhrtvite-na-roditelite-shto-ne-gi-ni-zabelezhuvame-01.jpg

Но, со текот на времето, секој од нас сфаќа дека родителите ни се најголемата поддршка. Овие луѓе се откажале од многу нешта, само за да нè израснат на најдобриот можен начин.

Без сомнение, нашите родители прават многу за нас, а ова се нивните жртви што речиси не ги ни забележуваме:

Секогаш ви го давале најдоброто, дури и кога немале ништо

За родителите, децата се најважното нешто на светот. Па, тие би направиле сè за да стават насмевка на нивното лице.

Неретко, наместо да си купат нешто за себе, родителите ги ставаат децата на прво место и го купуваат она што им треба и што ги прави среќни.

Не заборавајте дека вашите родители секогаш ја ставаат вашата удобност пред нивната.

zhrtvite-na-roditelite-shto-ne-gi-ni-zabelezhuvame-02.jpg

Го жртвувале нивниот сон за вие да сонувате големо

Сите знаат дека кога во домот има мало бебе, родителите ретко кога имаат време за спиење. Но, ова не е единствената промена.

Кога во семејството доаѓа нов член, потребно е и ново финансиско планирање. Родителите почнуваат да работат повеќе за трошоците што ги чекаат во иднина.

Всушност, новите родителите толку многу сакаат да им обезбедат добра иднина на децата, што стануваат и подобри работници во тој период.

Не заборавајте дека вашите родители поминале многу ноќи работејќи, само за вие да можете да целите кон ѕвездите.

Се откажуваат од нивните хобија

Родителството е работа со полно работно време. Па, кога ќе се роди детето, за родителите е речиси невозможно да имаат некакво хоби.

Листата со обврски како да нема крај, па голем број родители се откажуваат од нивните хобија, само за нивните деца.

Оставиле сè и се грижеле за вас кога сте биле болни

Постои причина зошто кога сте болни, веднаш помислувате на вашите родители.

Уште од најрана возраст, родителите биле овде за вас и се грижеле за вашето здравје. Без разлика колку и од што сте биле болни, тие оставале сè, само за да се грижат за вас.

zhrtvite-na-roditelite-shto-ne-gi-ni-zabelezhuvame-03.jpg

Го запоставуваат социјалниот живот за да минуваат време со вас

Многу е важно децата и родителите да минуваат време заедно, за да ја зајакнат нивната врска.

Но, за оваа цел, вашите родители најверојатно го жртвувале нивниот социјален живот. Средбите со пријателите никогаш не биле во прв план.

Ви го давале последниот залак, дури и кога биле гладни

Ова е нешто што никој родител нема да му го каже на своето дете.

Неретко, ако родителите се во лоша финансиска состојба, тие им го даваат на децата својот дел од храната.

Секој родител без двоумење ќе си легне со празен стомак, ако тоа значи дека неговото дете ќе има што да јаде.

zhrtvite-na-roditelite-shto-ne-gi-ni-zabelezhuvame-04.jpg

Приватноста е луксуз што не можат да си го дозволат

За секој пар, штом ќе се роди детето, приватноста целосно исчезнува.

Децата ги следат родителите каде и да отидат, постојано поставуваат прашања, сакаат да спијат со нив… А родителите, без проблем го прифаќаат сето тоа.

Штеделе за вашата иднина, наместо да трошат на себе

Кога прв пат ќе се вработите, ќе сфатите колку е тешко да се заработат пари. Па, замислете колку работеле вашите родители за да го издржат целото семејство, а притоа не трошеле ништо за себе.

Родителите го штеделе секој денар плус, само да ви ја овозможат иднината што ја сакате.

zhrtvite-na-roditelite-shto-ne-gi-ni-zabelezhuvame-05.jpg

Останале смирени кога сте им ги уништувале омилените нешта

Родителството бара навистина mногу трпение. Помислете, колку пати сте скршиле шолја, вазна или сте уништиле нешто што вашите родители го сакале.

Помислете колку пати сте се однесувале лошо и сте ги посрамувале родителите.

Во овие ситуации, можеби сте биле опоменати, но родителите сепак останале смирени и не покажале колку сте ги повредиле.

Ви го дале целото нивно срце

Како што растете, сфаќате дека никој нема да ве сака колку вашите родители.

Токму тие ви покажале како изгледа несебичната, безусловна љубов. Па уште денес, прегрнете ги вашите родители и кажете им колку го цените она што го направиле за вас.

zhrtvite-na-roditelite-shto-ne-gi-ni-zabelezhuvame-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители vs. деца - 13 фото докази дека гените се чудо Сте виделе ли ќерка која ги „украла“ очите на својата мајка или син кој е копија...
И на децата им треба време за себе - како мајка му помага на синот да ... 8-годишното момче се соочувало со проблеми и стрес на училиште, а неговата мајка...
Зошто децата до 1 година не треба да го поминуваат времето пред екрани... Благодарение на напредокот на технологијата, денес луѓето можат да направат мног...