5+ родителско катче: Колку играчки поседуваат вашите деца?! Колку е доволно?

Сопственоста, поседувањето на материјални нешта е меѓу првите искуства кои едно дете ги стекнува. 

5-roditelsko-katche-kolku-igrachki-poseduvaat-vashite-deca-kolku-e-dovolno-01.jpg

Првата играчка, своето креветче, шише, перниче, топка, своите патики, школски прибор, капче, телефон и тн. Потоа овие „своини“ децата ги користат за споредба со своите врсници и за жал често знаат погрешно да ги поврзат со начинот на кој се вреднуваат себеси и другите.

Бидејќи задоволството да се поседува нешто свое често надвладува во интеракциите со други деца, споделувањето станува предизвик и неретко причина за споредби, солзи и караници помеѓу децата.

Родителите со најдобра намера да го смират детето итаат да му го обезбедат тоа што го нема, без оглед дали навистина е потребно. Со тоа можеби ќе купат неколку часа или денови мир меѓутоа создаваат кај децата нереални очекувања за понатаму.

Потребите на децата растат и се менуваат па многу често најпосакуваната играчка за која се преговарало со месеци откако ќе се добие ќе биде играна неколку пати по што ќе остане под кревет да собира прашина. За разлика од неа, играчката која детето само ќе ја изработи во некоја креативна игра може да биде предмет од интерес со месеци.

Оттука, потребно е да се најде баланс и да се дознае колку е доволно да се купува, а колку е потребно да се создава, да се реупотребува и да се споделува.

Задоволството на детето расте со бројот на разновидните искуства кои ги стекнува. Дел од нив се поврзани со играчките и своините, меѓутоа најголем дел се стекнуваат и преку најобична игра со врсници (на различни локации – во двор, во парк, пред школо, пред зграда), планинарење и пешачење во природа, семеен пикник, пливање, скијање, санкање, игра во снег, скокање во вирчиња, фотографирање, снимање, боење, пишување, театар, кино, учество во претстави, присуство на јавни настани, учество во локални акции и тн. Сите овие активности бараат мал ангажман од родителите, а создаваат навики кај децата за порационално однесување и поскромни барања во иднина.

На суптилен начин, оваа тема е добро разработена во неколку епизоди од детскиот ТВ серијал 5+ Фамилија кој повторно се враќа на малите екрани од 18 ноември на МРТ  и на YouTube каналот со петтата сезона и нови 20 епизоди на Македонски и 20 епизоди на Албански јазик.

5-roditelsko-katche-kolku-igrachki-poseduvaat-vashite-deca-kolku-e-dovolno-02.jpg

Дознајте како Лина и Марија се справија со желбата да се има еден ист предмет и каков заклучок донесоа од искуството.

https://www.youtube.com/watch?v=gW_7d9sHCeU

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg