„Моето дете пишува, како твоето не знае?“ - Што треба да знаат децата на 4-годишна возраст?


„Моето дете пишува, како твоето не знае?“ - Што треба да знаат децата на 4-годишна возраст?

Често сме сведоци на мајки кои во групите на социјалните мрежи си ги фалат децата „пред носот“ на оние кои се загрижени дали нивните деца знаат доволно за својата возраст.

moeto-dete-pishuva-kako-tvoeto-ne-znae-shto-treba-da-znaat-decata-na-4-godishna-vozrast-01.jpg

„Моето дете веќе ги знае планетите, знае да чита, да си го напише името, да брои до 100 како твоето уште не знае ништо од тоа“ – отприлика вака звучат коментарите на мајките кои ги осудуваат другите мајки, а децата ги гледаат како трофеи со кои може да се фалат пред другите.

Ова навистина растажува со оглед на тоа што не постојат точно одредени работи кои детето мора да ги знае до 4-годишна возраст, бидејќи сите различно се развиваат и насочуваат, а за тоа најдобро може да ви помогнат стручни лица, а не други мајки на Facebook и по форуми.

Луѓето во ова општество понекогаш навистина имаат изместени вредности, па наместо да дозволувате да ве советуваат оние кои децата ги гледаат како „средство за фалење“, фокусирајте се на вистинските вредности.

Кои работи треба да ги знае 4-годишно дете?

- Треба да знае дека е сакано безусловно, во секое време.

moeto-dete-pishuva-kako-tvoeto-ne-znae-shto-treba-da-znaat-decata-na-4-godishna-vozrast-02.jpg

- Треба да знае дека е безбедно и да знае како да се заштити во разни ситуации во јавност.

- Треба да знае дека семејството е секогаш тука за него и го поддржува.

moeto-dete-pishuva-kako-tvoeto-ne-znae-shto-treba-da-znaat-decata-na-4-godishna-vozrast-03.jpg

- Треба да знае да се смее, да се забавува и да ја користи имагинацијата.

moeto-dete-pishuva-kako-tvoeto-ne-znae-shto-treba-da-znaat-decata-na-4-godishna-vozrast-04.jpg

- Треба да знае дека е во ред некогаш небото да го обои портокалово, а на мачињата да им нацрта 6 нозе, но секако, треба да го учите и на правилното.

- Треба да знае дека треба да ги следи своите интереси и да биде охрабрено во тоа.

- Треба да знае дека е прекрасно, креативно, послушно, уникатно и најдобро дете.

- Треба да знае дека некогаш вреди денот да се помине надвор, во берење цвеќенца, правење венчиња и букети, играње во земја  и слично...

moeto-dete-pishuva-kako-tvoeto-ne-znae-shto-treba-da-znaat-decata-na-4-godishna-vozrast-05.jpg

А, уште поважно е, родителите да ги знаат следниве работи:

- Дека секое дете учи да оди, зборува, чита и да решава алгебра на свој начин во различен период од животот.

moeto-dete-pishuva-kako-tvoeto-ne-znae-shto-treba-da-znaat-decata-na-4-godishna-vozrast-06.jpg

- Дека наместо да им даваат да се усовршуваат во технологија уште од мали нозе и да одмораат од нив, подобро е да им посветуваат време во читање и играње заеднички игри со кои ќе им го развиваат мозокот за во иднина да бидат успешни.

moeto-dete-pishuva-kako-tvoeto-ne-znae-shto-treba-da-znaat-decata-na-4-godishna-vozrast-07.jpg

- Дека фактот дали ќе биде најпаметно и најуспешно дете во училиште со најдобри оценки, не е предуслов за среќата и успехот во иднина на детето.

- Дека децата заслужуваат да бидат опкружени со книги, со природа и слобода да истражуваат што повеќе, а не да се затворат дома само со играчки и телефони.

- Дека на децата им е потребно повеќе време и внимание од родителите – да, на сите им е потребно време за себе, но немојте да се навикнувате премногу на тоа децата да ги оставате да бидат туѓа обврска – вие сте тие кои треба да им се посветите и да ги научите на сè во животот – не се раѓаат паметни.

moeto-dete-pishuva-kako-tvoeto-ne-znae-shto-treba-da-znaat-decata-na-4-godishna-vozrast-07-8.jpg


Ако детето не успеало да научи нешто до одредена возраст, за разлика од останатите, сетете се дека можеби проблемот не е во вашето дете, туку во вас, што можеби не сте го научиле да направи нешто доволно добро.

Но, тоа пак, не значи дека треба да се осудувате и да паничите – никогаш не е доцна да се посветите на децата и да ги научите нешто ново. Потребни сте им.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

И на децата им треба време за себе - како мајка му помага на синот да ... 8-годишното момче се соочувало со проблеми и стрес на училиште, а неговата мајка...
Зошто децата до 1 година не треба да го поминуваат времето пред екрани... Благодарение на напредокот на технологијата, денес луѓето можат да направат мног...
Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата? Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фр...