Совети од мажи што ќе им помогнат на мајките кои одгледуваат синови

Навистина е лесно родителите да се изгубат во врската со нивните деца.

soveti-od-mazhi-shto-kje-im-pomognat-na-site-majki-koi-odgleduvaat-sin-01.jpg

Од бебиња на кои постојано им е потребна грижа, децата брзо се претвораат во тинејџери кои бараат слобода и приватност.

А, ова може да биде особено тешко за мајките кои имаат синови, бидејќи тие не знаат како е да се биде возрасен маж.

Машките корисници на Reddit решиле да им помогнат на овие мајки и да ги споделат нивните искуства со одгледување синови.

Ова се најдобрите совети за мајките кои одгледуваат синови:

Исполнувајте ги ветувањата

„Ова особено важи за малите ветувања кои лесно се забораваат. Ако заборавите да исполните ветување на вашето дете, извинете му се прашајте го што можете да направите. Со ова ќе го научите детето да си стои на својот збор.“

Бидете строги, на момчињата им требаат граници

„Мајка ми никогаш не ме казнуваше. Некогаш се закануваше дека ќе ме казни, но потоа не правеше ништо. Со текот на времето, престана и да се заканува.

Во тинејџерски години можев да правам што сакав. Бегав од училиште, се искрадував од дома, го крадев автомобилот, пиев… Мајка ми беше гневна, но следниот ден се однесуваше како ништо да не се случило. Тогаш мислев дека имам кул мајка, но сега сфаќам дека ѝ било тешко да биде родител во проблематичните моменти.“

soveti-od-mazhi-shto-kje-im-pomognat-na-site-majki-koi-odgleduvaat-sin-02.jpg

Не викајте му на синот ако сте гневни, ова нема да промени ништо

„Бидете строги, но објаснете зошто и направете го тоа на нежен начин. Постојаното викање на детето нема да го промени неговото однесување. Првиот инстинкт на децата кога се во неволја е да се затворат.“

Заборавете ја фразата „Мајката знае најдобро“

„Навистина е лошо кога се обидувате да се одбраните себеси или нешто што сакате, а да знаете дека на крајот ќе бидете целосно одбиени.“

soveti-od-mazhi-shto-kje-im-pomognat-na-site-majki-koi-odgleduvaat-sin-03.jpg

Вклучете се во неговиот живот, но не претерувајте

„Најзатворените и момчињата под најмногу стрес, беа оние чии мајки им го контролираа секој дел од животот.“

Научете го да работи

„На почетокот, мајка ми не ми дозволуваше да правам ништо бидејќи бев мал. Подоцна, кога бев тинејџер, не ми дозволуваше да работам бидејќи бев млад и бидејќи сум имал време да работам во иднина. А, одеднаш, почна да ме прашува зошто не сакам да работам.“

soveti-od-mazhi-shto-kje-im-pomognat-na-site-majki-koi-odgleduvaat-sin-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg