Зошто треба да му подарите куче на вашето дете?

Кучињата се емотивни животни кои имаат позитивно влијание врз детството и целокупниот развој на децата. Кучето е сочувствителен пријател, заштитник и учител на децата. Сон на секое дете е да има куче за домашно милениче.

5 dobri pricini da mu podarite kuce na vaseto dete 01

Од друга страна, возрасните честопати ги гледаат кучињата како смрдливи и мрзливи животни кои носат нечистотија во куќата. Ги сметаат за извор на зараза и алергии, затоа некои родители избегнуваат да имаат куче во куќата.

„Ве убедуваме“ со 5 навистина добри причини зошто би требало да му подарите куче на вашето дете:

1. Кучињата се исклучителни пријатели

Кучето ќе го спаси вашето дете од осаменост и можна депресија. Секогаш е тука и подготвено е да се игра со вашето дете. Децата можат да си играат со кучето кога нивните пријатели од соседството немаат време или се далеку, кога е предоцна да се оди некаде или кога е лошо време надвор.

Кучето станува најдобар пријател на вашите деца, пријател кој не оди никаде, не удира, не вика, не се расправа и е неисцрпен извор на забава. Кучето е одлично друштво кога детето е тажно, луто, под стрес или нервозно.

Во друштво на куче децата се чувствуваат сакано. Кучето е доверлив пријател со кого детето може да сподели сè, без осудување.

2. Кучето е добро за одржување на здравјето

Луѓето кои имаат куче имаат подобра здравствена состојба. Кучињата сакаат да се играат, да ловат и да трчаат. Вашето дете може да учествува во овие активности со кучето.

Децата, исто така, можат да развијат моторни вештини со тоа што ќе го хранат кучето и ќе го уредуваат неговото крзно. Кучето промовира физичка активност кај децата. Редовните прошетки со кучето ќе го држат вашето дете подалеку од екранот на компјутерот.

Сепак, се препорачува родителски надзор на овие прошетки, за безбедноста на децата и кучињата.

Ако имате куче вашето дете ќе развие посилен имунолошки систем. Децата што растат со куче се помалку склони кон алергии и астма.

5 dobri pricini da mu podarite kuce na vaseto dete 02

3. Ги чува децата

Кучето секогаш останува заедно со детето и го чува додека родителите не се во близина. Може да го заштити од други насилни деца или да го спречи да влезе во конфликт со други деца.

5 dobri pricini da mu podarite kuce na vaseto dete 03

4. Го поттикнува емоционалниот развој

Кучето може да помогне во емотивниот сегмент од развојот на вашето дете. Слатко и разиграно куче секогаш го крева расположението кај децата. Децата се чувствуваат сакано во друштво на куче.

Љубовта кон кучето, исто така, може да влијае на подобрување на квалитетот на врските помеѓу браќата и сестрите. Со учество во различните активности што кучињата ги бараат од нивните сопственици, децата развиваат доверба, самодоверба, чувство на одговорност и посветеност.

5. Ги решаваат проблемите во однесувањето

Играњето со кучето може да смири премногу агресивно или хиперактивно дете. Со грижа за кучето децата со тежок темперамент можат да научат многу за дисциплината.

Во современиот свет родителите што работат немаат доволно време да ги учат децата на сите вредности и да го следат секој чекор од нивниот развој. Кучето може да го научи вашето дете повеќе лекции наеднаш, а растењето со куче е многу позабавно.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg