„За некои ова е само замаглено стакло, за мене е многу повеќе“ - Емотивна објава на еден татко за сопругата

Велат дека нема потешка работа од тоа да бидете мајка, а една анкета дури и го потврдила ова.

taa-nema-ni-sekunda-za-sebe-status-na-eden-tatko-koj-ja-ceni-rabotata-na-negovata-sopruga-01.jpg

Наводно, родителите споделиле дека грижата за нивните деца ги заморува многу повеќе отколку работата што ја работат за плата.

Жените доминираат во оваа „невидлива“ економија – тие се одговорни за речиси ¾ од неплатената работа.

Жените завршуваат 76% од обврските поврзани со одгледувањето на децата, 67% од домашните обврски, 69% од грижата за возрасни и 57% од волонтерската работа. Истовремено, тие стануваат и финансиска поддршка на семејството.

Половите стереотипи според кои жените се одговорни за овие работи постојат и денес. Проблемот е што ова е вистински ментален и физички товар за секоја жена. Зошто од жените се очекува кога ќе си дојдат дома од работа, да почнат да работат и „втора смена“?

Првиот чекор кон решавањето на проблемот е негово препознавање.

Многу мажи се несвесни за сегашната ситуација и за обврските што ги очекуваат сите жени. Па, кога некој маж ќе ја спознае жртвата на неговата сопруга, тоа нема да остане незабележано.

taa-nema-ni-sekunda-za-sebe-status-na-eden-tatko-koj-ja-ceni-rabotata-na-negovata-sopruga-02.jpg

Тоа го направил Зек Вилијамс, кој напишал статус на неговиот Facebook профил што е споделен илјадници пати.

taa-nema-ni-sekunda-za-sebe-status-na-eden-tatko-koj-ja-ceni-rabotata-na-negovata-sopruga-03.jpg

Зек споделил и фотографија од замаглена врата од туш кабина и објаснува зошто всушност му е важна таа фотографија.

„Си дојдов синоќа после 12-часовна смена. Отидов во тоалетот да се измијам и да се подготвам за вечера. Го забележав креветчето на ќерка ми во тоалетот.

Ја прашав сопругата дали го ставила таму и како успеала. Ми рече дека внатре ја ставила ќерка ни бидејќи морала да се истушира. Продолживме да разговараме за тоа колку е добра ќерка ни и колку има пораснато.

Ова утро си дојдов од теретана и влегов да се туширам, пред да одам на работа. Ја погледнав стаклената врата од туш кабината и можев да видам каде сопругата ја исчистила, за да може да внимава на ќерка ни.

Буквално само гледав во стаклото и се смеев. Можев да ги видам, да ги замислам, како да беа со мене во тоалетот. Можев да ја видам Хедер како гледа низ стаклото и ја забавува Лоти, додека таа лежи во креветчето. Се стопив!

Навистина е интересно како најмалите нешта прават да ја ценат жена ми. Малите жртви што таа ги прави за семејството, што обично би поминале незабележани. Од 24-часовната грижа за ќерка ни, до грижата за мене, готвење, чистење, грижење за животните и грижа за неа (како да има време за тоа). Сето ова ме тера да застанам и да размислам.

Работам напорно. Работам долги 10-12 часа дневно, се изморувам, имам и стресни денови. Сакам да одморам и тоа е мое право како вработен во семејството.

Сè што таа треба да прави е да се грижи за детето.

Па, таа би требало да готви, да ја чисти куќата, да ги мие садовите, да пере… А јас сум маж и сум ги спомнал ли моите потреби?!

Не можам да ви кажам колку ми значи ова замаглено стакло.

Фактот дека сопругата не може ни да се истушира без да се грижи за некој друг. Таа нема ни секунда за себе да се релаксира.

Сопругата нема распоред на работа, не добива плата за нејзината напорна работа, не руча со колегите, не може само да излезе од канцеларија на свеж воздух.

Можеби за некои ова е само замаглено стакло, но за мене значи многу повеќе. Ваквите мали нешта поминуваат незабележано. Ваквите мали нешта ме потсетуваат колку е неверојатна. Ваквите мали нешта ме тераат да се вљубувам во неа одново и одново!

Ти благодарам што си таква неверојатна жена!“

Извор

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg