Тие се вашето огледало - научете ги вашите деца да кажат НЕ на дискриминацијата!

Дискутирањето за дискриминација е доста тешка, комплексна, но и задолжителна задача на секој родител.

tie-se-vasheto-ogledalo-nauchete-gi-vashite-deca-da-kazhat-ne-na-diskriminacijata-001.jpg

За децата пак, оваа тема може да биде особено застрашувачка.

За жал, дискриминацијата постои насекаде. На улица, во јавниот превоз, во театар, кино, на работа, а најмногу во училиштата.

Луѓето можат да бидат дискриминирани од кои било причини, вклучувајќи возраст, пол, тежина, религија, ниво на приход, инвалидитет, сексуална ориентација и раса или етничка припадност. 

Голем процент од човечката популација чувствува непријатност да разговара за расните разлики. 

Но, кога станува збор за разговор со деца, експертите велат дека различностите и дискриминацијата се теми што во ниеден случај не треба да се игнорираат.

Низ призмата на детските очи

Многу родители се колебаат да разговараат со своите деца за разликите бидејќи сметаат дека тие доволно ги насочиле и го знаат точното размислување и однесување на своето дете. 

Но, без разлика дали зборувате за тие разлики или не, децата забележуваат.

Да, тие забележуваат и повеќе од што мислите. Забележуваат кога некој изгледа поинаку од начинот на кои тие навикнале, оној „нормалниот“.

Тие исто така забележуваат кога се чини дека одредени групи се третираат поинаку од другите. Студиите покажуваат дека дури и новороденчињата можат да разликуваат тонови на кожата. 

До раното детство, децата почнуваат да имаат поповолни мислења за луѓето што ги сметаат за „исти“ како што се и тие - дури и ако сличностите се бесмислени. 

На пример, во една студија, истражувачите по случаен избор поделиле група од шестгодишници во зелен или портокалов тим. 

По завршувањето, резултатите го покажале следното: шестгодишниците имале поголема веројатност да запомнат позитивни работи за децата во нивната група, а негативни работи за децата во спротивната група.

Кога родителите избегнуваат да зборуваат за разлики и дискриминација, велат експертите, децата учат дека станува збор за „табу-тема“.

Тие се колебаат да поставуваат прашања, немајќи можности да ги предизвикаат и исправат стереотипите.

Разговарањето за нивните гледишта, од друга страна, може да им помогне на децата да ја ценат различноста и подобро да ја препознаат дискриминацијата кога ќе ја видат. 

Во еден експеримент со деца од осум до единаесетгодишна возраст, истражувачите читале книги за деца со приказни кои ги минимализираат расните разлики и вредноста на различностите. 

Подоцна, кога слушале приказни што содржеле примери на расна пристрасност, бројката на деца кои ги прочитале книгите била идентична со онаа каде децата јасно се огласиле дека не се согласуваат со истиот начин на пристрасност.

tie-se-vasheto-ogledalo-nauchete-gi-vashite-deca-da-kazhat-ne-na-diskriminacijata-003.jpg

Главната улога (стресот) кај жртвите од дискриминација

Сите деца можат да имаат корист со тоа што отворено ќе зборуваат за разновидноста и пристрасноста. 

Но, за децата коишто ќе се пронајдат и кои всушност се жртви на дискриминацијата, ваквите разговори можат да бидат уште поболни.

Согледаната дискриминација е поврзана со физички и ментални здравствени проблеми, вклучувајќи вознемиреност, депресија, дебелина, висок крвен притисок и злоупотреба на супстанции. 

Се верува дека многу од овие проблеми произлегуваат од хроничниот стрес поврзан со потенцијалната цел на дискриминацијата.

Стресот произлезен од дискриминацијата, исто така, може да влијае на тоа како децата се гледаат себеси.

Во големи случаи ја спречува нивната активираност на часот или запишувањето во вончасовни активности кои ги привлекуваат.

Но, отворениот разговор со децата, од страна на родителот или наставникот може да ги подготви за справување со дискриминацијата и да им помогне да го контролираат стресот поврзан со неа.

Многу од училишните психолози го сметаат ова како сериозен проблем кој не смее да се игнорира и треба веднаш да се спроведе соодветна реакција, која би придонела до целосно негово исчезнување.

tie-se-vasheto-ogledalo-nauchete-gi-vashite-deca-da-kazhat-ne-na-diskriminacijata-004.jpg

Како да им помогнете на своите деца да ги прифатат различностите и да кажат НЕ на дискриминацијата:

Не очекувајте да имате еден конкретен разговор кој ќе го реши проблемот. 

Наместо тоа, дискусијата нека биде навидум спонтана, отворена и тековна.

Родителите честопати избегнуваат да зборуваат за тешки теми (вклучувајќи пол, малолетничко консумирање на алкохол и дискриминација) за да се оградат од непријатните прашања кои по секој нормален тек би следувале.

Дискусиите се олеснуваат со текот на времето.

Користете јазик што одговара на возраста на децата што ќе можат лесно да го разберат и не им давајте премногу информации одеднаш. 

Разговорот ќе стане подлабок и поинтензивен со нивното растење и зрелост.

Помогнете им на децата да чувствуваат дека нивните прашања се добредојдени, за да ги исфрлат размислувањата дека дискутирањето за разликите е „табу-тема“.

Tie-se-vasheto-ogledalo-nauchete-gi-vashite-deca-da-kazhat-NE-na-diskriminacijata 04 630x340.jpg

Помогнете им да ја разберат вредноста на различностите. Различниот пакет на искуства и гледишта ја зајакнува креативноста и им помага на децата (и возрасните) подобро да го разберат светот околу нив. 

Од друга страна, дискриминацијата ги повредува сите, не само нејзините жртви.

Искористете ги можностите да дискутирате врз основа на она што го гледате околу вас во реалниот живот: книги, телевизиски емисии, па дури и видеоигри. 

Можеби ќе прашате: „Нема многу женски ликови во оваа видео игра. Што мислиш за тоа?“

Помогнете им на децата да научат како да се справат со тоа што се потенцијална цел на дискриминацијата. 

Ако слушнете дека децата кажуваат нешто дискриминирачко, внимавајте на вашата реакција. Не прекорувате ги. Тие не разбираат.

Искористете ја можноста како почетник на разговор за да се справите со нивните стравови и да ги поправите нивните погрешни сфаќања.

Предизвикајте ги вашите сопствени претпоставки и однесување. Дали се смеете на расно нечувствителни шеги? 

Децата учат од вашите постапки, како и од вашите зборови.

Проширете ги нивните хоризонти. Размислете за разновидноста на вашите мрежи за пријателство и родителство и за местата каде што поминувате поголем дел од вашето време. 

За крај запомнете: децата се вашето огледало!

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Не ги плашат со Баба Рога: Како Јапонците ги воспитуваат децата секогаш да бидат мирни и учтиви? На нивниот начин на вопитување се воодушевува целиот свет. Јапонците не се служа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg