7 работи кои секоја тетка посакува нејзината внука да ги знае

Врската помеѓу тетката и внуката е посебна, која ја разбираат само оние кои ја доживеале.

7-raboti-koi-sekoja-tetka-posakuva-nejzinata-vnuka-da-gi-znae-01.jpg

Тетката може да биде и втора мајка и исестра и пријателка истовремено – со неа може да зборувате за секакви работи, да си кажете што ви лежи на душа, да се смеете и да споделувате разни приказни.

И секако, таа е секогаш тука за на внуката да и даде најдобри совети, а ако никогаш не ви ги кажала досега, ова се неколку работи кои со сигурност сака да ги знаете:

1. Со мене можеш да зборуваш за сè, без разлика што се случува. Секогаш ќе те ислушам и ќе ти го кажам моето мислење. Никогаш нема да те осудувам. И не секогаш мора сè да дознаат твоите родители.

2. Нема да дозволам да заборавиш колку те сакам. Мојата љубов кон тебе е безусловна, исто како да си мое дете. За тебе има посебно место во моето срце.

3. Знам повеќе за животот отколку што мислиш. Иако многупати мислиш дека возрасните не те разбираат, знам како се чувствуваш. Некогаш сум била и јас како тебе. Ги разбирам работите повеќе од тебе.

4. Животот е краток, уживај во него. Животот ќе помине додека да трепнеш. Забави го темпото, релаксирај се и уживај. Смеј се додека уште имаш заби, а јас ќе го дадам најдоброто од себе да ти помогнам да уживаш во животот.

5. Прави го тоа што те прави среќна. Додека не повредуваш никој со своите постапки, можеш и треба да правиш што сакаш. Не е важно што е тоа, следи ја твојата пасија. Ќе те поддржам на секое поле. Што и да одбереш.

6. Јас сум секогаш тука за тебе. Што и да направиш, правилно или грешно, секогаш ме имаш мене. Кога ти треба совет или да преноќиш тука наместо дома, секогаш ти е отворена мојата врата. Ако сакаш да ти бидам рамо за плачење, тука сум. Не заборавај.

7. Никогаш не се плаши да бидеш своја. Никогаш немој да дозволуваш да бидеш нешто што не си. Не ставај маска на лице. Можеш да бидеш своја, без да се преправаш. Ти си ти, и тоа е повеќе од доволно за мене.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
„Го најдов тајниот дневник на баба ми по нејзината смрт, ме расплакаа работите што ги напишала за ме... „Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg