Знаци кои може да укажуваат на аутизам кај детето и треба да се „аларм“ за секој родител


Знаци кои може да укажуваат на аутизам кај детето и треба да се „аларм“ за секој родител

Дечињата со аутизам размислуваат, зборуваат и го гледаат светот низ поинаква призма.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-001.jpg

Понекогаш поинтересно може да им биде да ги гледаат сопствените прсти како се движат, наместо да седнат и да си играат со другите дечиња.

Во продолжение, најдобронамерно, укажуваме на неколку знаци кои може да се аларм за аутизам.

Доколку препознаете барем половина, не би било лошо да се консултирате со стручен лекар за да може да му бидете најголема потпора на вашето дете.

Пред да наполни 1 година:

Симптомите на аутизам може да се препознаат помеѓу 6 до 12 месеци. Ова се знаците кои треба да ве замислат:

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-1.jpg

  • Детето не обрнува внимание на нови лица.
  • Не реагира на гласни звуци.
  • Не држи предмети со рачињата.
  • Не се насмевнува своеволно.
  • Не се обидува да привлече внимание со своите постапки.
  • Нема интерес да учествува во активности со други луѓе и деца.

Знаци по кои може да препознаете аутизам, откако детето ќе потпорасне:

Не покажува емпатија, делува индиферентно и незаинтересирано.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-2.jpg


Не покажува интерес да се поврзе со остатокот од семејството.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-3.jpg


Тешко е да ги процените неговите чувства, а тоа има проблем да ви ги објасни.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-4.jpg


Забележувате дека се држи до рутина и најдобро му одат репетитивните активности.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-5.jpg


На моменти чувствувате како да не ве слуша додека му зборувате, додека веќе во следен момент и најтивкиот звук може да го штрекне или вознемири.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-6.jpg


Има бурни реакции за мали работи, проследени со врескање, плачење и блага хистерија.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-7.jpg


Има потешкотии при зборување и при разбирање што другите му зборуваат.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-8.jpg


Може да има опсесивни навики и се врзува со објекти како клучеви, запалки и ги користи како играчки.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-9.jpg


Преферира невербална комуникација.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-10.jpg


Има потешкотии да распознае фацијални експресии кога некој е тажен, среќен или лут.

znaci-koi-moze-da-ukazuvaat-na-autizam-kaj-deteto-i-treba-da-se-alarm-za-sekoj-roditel-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци за здравјето на детето кои не треба да ги игнорирате Кога на детето му се случува нешто, тогаш и родителите поминуваат низ едно тешко...
Како да препознаете дека некој го малтретира вашето дете на училиште? Малтретирањето помеѓу врсниците станува сè почеста појава во последно време. Осо...
Грицкање нокти, кажување пцости - Како да го одвикнете детето од најчестите лоши навики? Грицкањето нокти, чепкањето на носот и повремените лаги се навики што можат да с...

Најчитани неделава