Што сакаат денешните, модерни, 10-годишни деца од Дедо Мраз?
Нема дете, па макар и возрасен, што не им се радува на божиќните и новогодишните празници. Сепак, ова е период кога минуваме време со семејството, го украсуваме домот, јадеме вкусни оброци и воглавно, сите сме среќни.
А, можеби најдобриот дел од овој период од годината се подароците. Додека на родителите чии деца сè уште веруваат во Дедо Мраз им е лесно да ги излажат зошто не го добиле посакуваниот подарок, кај оние со постари деца, приказната е поразлична.
Неодамна, еден татко решил да ја сподели листата со желби на неговата ќерка.
Ова 10-годишно девојче направило толку долга листа со подароци и желби, што би биле потребни 10 Божиќи за да добие сè. На таткото не му се верувало што видел, па ја споделил листата на Twitter.
https://twitter.com/a_johnson412/status/1194689352992903169
Еве што содржи целата листа:
- iPhone 11
- AirPods слушалки
- Зајак
- Нов MacBook Air лаптоп
- Шише за вода Hydro
- Облека
- Шминка
- Розови Puma патики
- Gucci влечки
- Chanel чанта
- Парфем
- Есенцијално масло
- Автомобил за кукли
- Обетки/накит
- Vans патики
- GoPro камера
- Розова самолеплива лента
- Боја за храна и детергент за алишта
- Облека за зајакот
- 4.000 долари
- LOL кукла
- Нови чаршафи и прекривка
- Будилник
„Мојата 10-годишна ќерка очигледно не го знае нашиот божиќен буџет. Но, браво за нејзиниот скап вкус“, напиша зачудениот татко.
Twitter заедницата забележала и нешто чудно за оваа листа. На шега, корисниците изјавија дека штом девојчето сака 4.000 долари и детергент за алишта, веројатно планира да се пресели од дома.
И иако нам ова ни е смешно, секој родител добро знае каква главоболка предизвикуваат нереалните детски желби.
Што побараа вашите деца оваа година од Дедо Мраз?