Како живее жената која на 66 години го роди своето прво дете?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како живее жената која на 66 години го роди своето прво дете?

Во 2005-та година сите слушнавме за 66-годишната Адријана, која своето прво дете го роди токму тогаш.

kako-zivee-zenata-koja-na-66-godini-go-rodi-svoeto-prvo-dete-001.jpg

Како што самата вели, изминативе 14 години наидува на разни осудувања од околината, но вели дека љубовта на нејзината ќерка ѝ помага да ги надмине без проблем.

Прашањето кое сите го поставуваат до ден денес: Зошто не родила дете порано?

Кога Адријана имала 20 години се омажила, но нејзиниот сопруг одбивал да има деца. На крајот, решила да побара развод. Потоа почнала да работи во Универзитет во Романија.

Цели 9 години Адријана се борела со неплодност, но не успеала да ја победи оваа состојба.

Се одлучила за ин-витро процедура. На првиот ин-витро третман имала 66 години и свесно влегла во ризик. Но, поважно ѝ било да ја почувствува радоста на мајчинството.

kako-zivee-zenata-koja-na-66-godini-go-rodi-svoeto-prvo-dete-1.jpg

Со што се соочила мајката за време на бременоста и породувањето?

Во ин-витро процесот, Адријана конечно останала бремена и тоа со тројка. За жал, две од бебињата не продолжиле да се развиваат во матката.

Нејзиното трето бебе, ќеркичката Елиса, била родена предвреме и поминала долго време затворена во инкубатор.

За среќа, Адријана имала доволно верба дека бебето ќе биде добро.

kako-zivee-zenata-koja-na-66-godini-go-rodi-svoeto-prvo-dete-2.jpg

Голем број на организации и здружувања поврзани со религијата ја карактеризираат постапката на Адријана како себична и застрашувачка. Сепак, мајката вели дека и понатаму верува во Бог и се моли за здравје и среќа на нејзината ќерка.

Адријана била свесна за ризикот за време на породувањето, па заедно со согласност од докторот кој го извршил оплодувањето и ин-витро процедурата, потпишале договор дека доколку мајката почине, девојчето ќе го издржува тој, барем додека не стане полнолетно.

kako-zivee-zenata-koja-na-66-godini-go-rodi-svoeto-prvo-dete-7.jpg

Како живеат мајката и ќерката денес?

По професија, Адријана е професорка по Романски јазик и литература, како и автор на преку 25 детски книги.

Ќеркичката ги следи стапките за успешност и досега има добиено многу дипломи и сертификати за победа на разни натпревари. Во иднина, ќе ѝ биде обезбедено работно место на истиот Универзитет.

kako-zivee-zenata-koja-na-66-godini-go-rodi-svoeto-prvo-dete-4.jpg

kako-zivee-zenata-koja-na-66-godini-go-rodi-svoeto-prvo-dete-3.jpg

kako-zivee-zenata-koja-na-66-godini-go-rodi-svoeto-prvo-dete-6.jpg

kako-zivee-zenata-koja-na-66-godini-go-rodi-svoeto-prvo-dete-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога мајката ќе каже дека е уморна од сè, не значи дека не си ги сака ... Кога мајката ќе каже дека е уморна, тоа е сè што мисли. Таа не вели дека сака да...
За сè што „мрчев“ пред да станам мајка – а, сега истото го правам како... Немој да солиш памет за деца, кога немаш деца. Ниту за односот на родителите. Ни...
Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата? Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фр...