Бескрајно им благодариме - бабите и дедовците што ги чуваат внучињата живеат подолго

Повеќето од нас имаат убави сеќавања за времето кое го поминале со бабите и дедовците. Тие секогаш биле спремни да ја споделат со нас нивната мудрост и нивните прегратки и бакнежи. 

Babite-i-dedovcite-sto-gi-cuvaat-vnucinjata-ziveat-podolgo-01.jpg

Секогаш имале многу приказни за раскажување, како фиктивни, така и реални случки од животот којшто го проживеале.

Овие сеќавања на времето поминато со нив ќе останат засекогаш, но убаво е да се знае дека и тие извлекле нешто добро од дружењето со своите внуци.

Сигурно често пати вашите родители ве прашувале кога планирате да имате деца, а можеби и сè уште ве прашуваат. Доколку вашиот одговор бил никогаш, време е да размислите за тоа.

Според една научна студија, бабите и дедовците коишто се грижат за своите внуци имаат за 37% помал ризик за смртност, отколку возрасните лица на истата возраст, коишто не се грижат за никого.

Оваа студија била извршена на преку 500 лица над 70 годишна возраст. Учесниците во студијата биле интервјуирани и тестирани на секои 2 години во периодот од 1990 година до 2009 година.

Според резултатите, 50% од оние што чувале внуци биле сè уште живи и после 10 години од првото интервју и тестирање. Од друга страна пак, 50% од оние коишто не се грижеле за внуци, починале уште во првите 5 години од започнувањето на студијата.

Ова истражување покажува дека има позитивна корелација помеѓу пружањето нега и грижа и долговечноста на луѓето. Ова е и логично, бидејќи е всадено во нашето минато, затоа што грижата за подмладокот е круцијална причина за опстанокот на човештвото.

Всушност и внуците исто така имаат полза од дружењето со бабите и дедовците. Друго истражување покажало дека децата кои имале почести интеракции со бабите и дедовците имале и помалку емоционални проблеми, како и помалку проблеми со однесувањето.

Според ова можеме само да заклучиме дека бабите и дедовците не треба да се исклучуваат од одгледувањето на внуците, напротив треба да бидат почесто вмешани во истото, но само доколку самите го сакаат тоа и не им е проблем.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
Не е важно дали сте го загубиле бебето во 6-ата или 20-тата недела – вашата загуба е тешка Без разлика дали претходно не сте имале деца. Без разлика дали веќе имате дете. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg