Зошто германските деца не ја вадат цуцлата од уста и носат пелени до 5 години?

Повеќето од нас ги оформуваме ставовите за луѓето од другите држави според она што го гледаме на телевизија или што го читаме онлајн.

zoshto-germanskite-deca-ne-ja-vadat-cuclata-od-usta-i-nosat-peleni-do-5-godini-01.jpg

Но, вистински ќе научите за менталитетот, животниот принцип, па и начинот на воспитување на децата на некој народ само ако живеете таму.

А, оние што биле во Германија ќе ви кажат дека забележале неколку необични работи во врска со тамошните деца.

Кога Германците добиваат деца?

Во Германија луѓето основаат семејство подоцна во животот и имаат повеќе деца.

Ретко која жена раѓа дете пред 26 години. Најпрво тие студираат и се образуваат, наоѓаат работа, градат кариера… Сето ова трае неколку години, а дури потоа почнуваат да размислуваат за семејство.

Просечната Германка првото дете го раѓа на 30 години. Но, ова е само просек и голем дел жени прв пат стануваат мајки во раните четириесетти.

zoshto-germanskite-deca-ne-ja-vadat-cuclata-od-usta-i-nosat-peleni-do-5-godini-03.jpg

Воспитување на децата во Германија

Воглавно, низ целиот свет постои верување дека денешните деца се многу поразгалени за разлика од минатото. Германија не е исклучок. Главното правило во оваа држава е дека децата не смеат да се тепаат и удираат.

Ако прошетате по улиците на Германија, пак, сигурно ќе забележите дете од 5-6 години со пелена. Истовремено, често ќе забележите деца на оваа возраст со цуцла во устата. А, изгледа дека Германците и подолго ги дојат своите деца.

zoshto-germanskite-deca-ne-ja-vadat-cuclata-od-usta-i-nosat-peleni-do-5-godini-02.jp.jpg

Можеби ова е шокантно за нас, во речиси и да нема Германец кој ќе прозбори нешто на некој родител за неговото дете

Најпрво, Германците се грижат за психичкото и физичкото здравје на нивните деца. На децата не им се наметнува ништо, дури ни знаењето. Односно, за секоја нова вештина, како одење во тоалет, детето треба да биде подготвено.

zoshto-germanskite-deca-ne-ja-vadat-cuclata-od-usta-i-nosat-peleni-do-5-godini-04.jpg

Па, ова објаснува зошто родителите не брзаат да ги одвикнат децата од пелени и цуцли.

На Германците воопшто не им е грижа за мислењето на луѓето кои не се дел од нивниот живот. Не чувствуваат притисок од околината да го одгледуваат детето на одреден начин и му дозволуваат да се развива и учи со свое темпо.

Што мислите? Дали овој начин на воспитување е добар?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg