„Не сакам да го јадам тоа!“ - Сѐ што треба да знаете за најчестото нарушување во исхраната кај децата

Нарушување во исхрана е вид на нарушување што спречува консумирање на одредена храна, честопати засновано на боја, текстура или други фактори.

ne-sakam-da-go-jadam-toa-s-shto-treba-da-znaete-za-najchestoto-narushuvanje-vo-ishranata-kaj-decata-001.jpg

Ова нарушување вклучува одбивање на детето или возрасното лице да јаде одредени групи на храна, текстури, цврсти материи или течности за период од најмалку еден месец, што предизвикува намалување и одржување на човековата тежина или попреченост на природниот раст.

Најчесто кај децата, нарушувањата во исхраната личат на неуспех во напредувањето во развојот, освен ако не постои медицинска или физиолошка состојба што може да ја објасни малата количина на храна што тие ја консумираат или нивниот недостаток на раст.

Во 5-то издание на ДСМ (Дијагностички и статистички прирачник за ментални нарушувања) дијагнозата на нарушување на исхрана на новороденче или мало дете беше преименувана во избегнување, односно рестриктивно нарушување во внесувањето на храна (АРФИД), а критериумите беа проширени. 

АРФИД е нарушување во исхраната што спречува консумирање на одредена храна, а честопати се смета како фаза од детството што генерално се надминува со возраста. 

Сепак, некои луѓе може да бидат заболени од АРФИД и во текот на понатамошниот живот.

Претходно дефинирано како нарушување ексклузивно за деца и адолесценти, ДСМ-5 го прошири нарушувањето со вклучување на возрасни кои го ограничуваат јадењето и се засегнати од сродни физиолошки или психолошки проблеми.

Храната што се смета за „безбедна“ за луѓето со АРФИД може да биде ограничена на одредени видови, па дури и на специфични брендови. 

Во некои случаи, заболените лица мора да исклучат цели групи на храна, како што се овошје или зеленчук; други може да избегнуваат специфични видови на храна, како што се сосови. 

ne-sakam-da-go-jadam-toa-s-shto-treba-da-znaete-za-najchestoto-narushuvanje-vo-ishranata-kaj-decata-002.jpg

На некои можеби им се допаѓа само храна со одредена боја, многу топла или многу ладна, многу крцкава или тврда за џвакање или многу мека храна. 

Страдачите можат да доживеат физички гастроинтестинални реакции на неповолна храна, како што се мачнини, повраќање или гадење. 

Некои студии идентификуваа симптоми на социјално избегнување како резултат на навиките за јадење.

Нарушувањето на исхраната не смее да се игнорира бидејќи може да доведе до анорексија, стрес, булимија, анксиозност или друг тип на нарушување во исхраната или до друга медицинска состојба или ментално нарушување. 

Да се одреди причината за појавата на АРФИД е тешко, поради недостаток на дијагностички критериуми и конкретна дефиниција. 

Сепак, многумина констатираа дека симптомите на АРФИД обично се наоѓаат со симптоми на други нарушувања. 

На пример, некоја форма на нарушување на исхраната се наоѓа кај 80% од децата кои имаат пречки во развојот. 

Децата со нарушување во исхрана честопати покажуваат симптоми на опсесивно-компулсивно нарушување.

Тоа може да бидат предизвикано од фобии од храна кои предизвикуваат голема вознемиреност, односно кога на детето му се дава нова или непосакувана храна.

ne-sakam-da-go-jadam-toa-s-shto-treba-da-znaete-za-najchestoto-narushuvanje-vo-ishranata-kaj-decata-003.jpg

Што да се преземе? 

Со текот на времето, симптомите на АРФИД можат да се намалат и на крајот може да исчезнат без третман.  Сепак, во некои случаи третман е потребен, бидејќи симптомите продолжуваат во зрелоста.

Најчестиот вид на третман за возрасни со АРФИД е некаква форма на когнитивно-бихејвиорална терапија. 

Работата со лекар може да придонесе до што побрзо решавање со проблемот, отколку да дозволите симптомите да исчезнат без третман. 

Некои деца со АРФИД имаат програма со четири фази, домашен третман, врз основа на принципите на систематска десензибилизација.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg