Секојдневни навики на бремените жени кои влијаат лошо на бебињата

Нервозни испади, топла купка, плачење и јадење претерано многу благо – сите овие навики на трудниците може да бидат штетни за бебето, а сепак често се случуваат.

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-01.jpg

9-те месеци бременост не се ниту малку лесни за жените, па често знаат да паднат во искушенија, да најдат утеха во благото, да си се изнаплакуваат за секоја ситница секој втор ден, а потоа и да се релаксираат во топла бања.

Сепак, ако не внимавате на овие работи, ги правите пречесто и ви стануваат секојдневна навика, можете да си направите проблеми и тоа лошо да влијае на бебето.

Од какви однесувања и навики треба да се држите настрана во бременоста?

Кавги и викање

Расправиите предизвикуваат анксиозност и депресија, а таквата состојба може да му наштети на вашето бебе. Викањето исто така е лошо и за мајката, бидејќи предизвикува главоболки и проблеми со спиењето.

Што да правите ако често ви се случува ова:

  • Одмарајте повеќе
  • Обезбедете си квалитетен сон
  • Медитирајте
  • Одете на прошетки на свеж воздух
  • Консултирајте се со докторот

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-02.jpg

Претерано консумирање шеќер

Истражувања покажуваат дека мајките кои консумирале многу шеќер во бременоста имаат деца со проблеми со учење и запомнување. Истото важи и за недостаток на шеќер.

Што да правите ако често ви се случува ова:

  • Јадете повеќе овошје наместо слатки
  • Намалете го внесот на газирани пијалаци

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-03.jpg

Промени во расположение

Ова е многу честа појава кај трудниците – прво сте радосни и возбудени околу нешто, а веднаш потоа ве надвладува стресот и нервозата. Дури и за најситни работи. Оваа појава може да биде почеста заради промени во метаболизмот или хормоните.

Што да правите ако често ви се случува ова:

  • Спијте доволно
  • Одете на прошетки на свеж воздух
  • Излегувајте со пријателките
  • Медитирајте

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-04.jpg

Релаксирање во топла бања

Иако релаксирањето во полна када со вода звучи идеално, сепак претерано топлата вода или сауната може да бидат проблем во бременоста. Вие можеби ќе се опуштите, но не е добро за бебето.

Што да правите ако често ви се случува ова:

  • Не ја полнете кадата со претопла вода и не седете повеќе од 10 минути
  • Консултирајте се со доктор пред да одлучите да поминете време во сауна, бања и слично

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-05.jpg

Плачење

Плачењето во текот на бременоста е нормално да биде почесто од вообичаено, но важно да обрнувате внимание дали притоа ви се случуваат и други промени како губење апетит, чувство на вино, недоволно спиење, губење интерес за активности и пречесто останување дома со сопствената тага.

Што да правите ако често ви се случува ова:

  • Ако овие симптоми траат повеќе од 2 недели, консултирајте се со лекар
  • Најдете поддршка, разговарајте со вашата мајка, со други мајки кои го поминале ова или со други трудници

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-06.jpg

Проблеми со сонот

Истражувањата покажуваат дека голем број трудници имаат нарушен сон и тоа е вообичаено заради промената на нивоата на хормоните. Сепак, важно е да знаете дека може барем во некои случаи да го контролирате тоа и да не дозволите да запаѓате во континуирани несоници.

Што да правите ако често ви се случува ова:

  • Создадете си распоред за спиење и држете се до него
  • Практикувајте вежби за трудници или пешачете барем 30 минути во денот
  • Пијте многу течности во текот на денот
  • Ако не можете да заспиете, не се форсирајте, прочитајте добра книга, може да ви дојде сон
  • Консултирајте се со докторот за позицијата на спиење и други фактори

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-07.jpg

Слаба активност и претерано јадење

Премногу вишок килограми стекнати за време на бременост може да доведат до компликации и непосакувани проблеми. Иако не е правило, сепак подобро е кога одржувате балансирана исхрана и барем минимална физичка активност.

Што да правите ако често ви се случува ова:

  • Бидете активни барем 30 минути во денот, во консултација со доктор
  • Каде што можете, пешачете, не се заседнувајте ниту залегнувајте, не го поминувајте цел ден дома

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-08.jpg

Пречесто консумирање кофеин

Не постојат истражувања во кои е докажано дека кофеинот треба да биде забранет, не предизвикува проблеми при породување, но сепак, треба да биде ограничен во бременоста, бидејќи сепак има влијание врз бебето.

Што да правите ако често ви се случува ова:

  • Доколку ви е потребно за освестување, заменете го со здрава храна која ќе ве наполни со енергија за да го намалите кафето

sekojdnevni-naviki-na-bremenite-zheni-koi-vlijaat-losho-na-bebinjata-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
„Сопругот ми рече дека не правам ништо, 2 дена не чистев - погледнете како ми изгледа домот“ (видео) „Најлошо е што ти ќе треба сѐ сама да исчистиш на крај“ – велат во коментари жен...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
Мајки од Македонија откриваат за CRNOBELO: „Кој ни ги чува бебињата по породилното - баби, дадилки и... Наташа Ивановска од Скопје, мајка на две деца, две и пол годишната Марта и синот...
13 предизвици со кои се соочуваат жените во бременоста и на породилно (без да знаат однапред) Заборавете на фразите од типот „никогаш нема да носам градник без push-up“ – ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg