Зошто не треба да ги бакнувате децата во уста?

Поранешниот фудбалер, Дејвид Бекам, неодамна ја бакнал својата ќерка Харпер во уста, а истото го прави и неговата сопруга, Викторија. Се чини дека за нив ова е нешто вообичаено, но истото предизвика жестока дебата во јавноста.

Zosto ne treba da gi baknuvate decata vo usta 01

Дали е бакнување во уста прифатливо за децата?

Иако лекарите велат дека децата треба да се чувствуваат сакано и безбедно во семејната средина, бакнувањето во уста не е најдобриот начин за изразување на родителска љубов. Зошто?

Може да го избрише разбирањето на детето за личните граници

Усните и устата се лични граници на телото на детето. Кога го бакнувате детето со усните, му покажувате дека неговата граница на телото е отворена и дека некој може лесно да ја нападне неговата територија.

Ова, исто така, вклучува и принудно хранење и дозволување на други видови агресивно однесување. Така, „инвазивните“ родители можат да го зголемат ризикот нивното дете да развие „синдром на жртва“ со неможност да каже „не“, и да не научи да управува со своите лични граници.

Не е хигиенски

Лекарите, особено стоматолозите, предупредуваат дека во устата живеат многу бактерии кои можеби не ги заразуваат возрасните, но лесно можат да им се пренесат на децата и да им предизвикаат голема штета.

Бидејќи децата имаат послаб имунолошки систем, можат да соберат опасни инфекции кои се пренесуваат преку плунката.

Zosto ne treba da gi baknuvate decata vo usta 02

Детето може да започне да ги бакнува другите во уста како израз на сочувство

Детето може да започне да се однесува на ист начин како што научило дома, но надвор од кругот на семејството, така што може да започне да ги бакнува другите деца или возрасни во уста, како начин на изразување на сочувство и симпатија.

Дури и да се работи за невин родителски гест, децата учат преку имитација, без да ја разберат интимната импликација на гестот. Поради ова, подобро е детето да го бакнувате само во образ или чело.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Совети за родители: Што да направите за вашето дете да ги почитува другите деца и да не ги малтретир... Никогаш немојте да користите навредливи зборови кон детето. Во спротивно, детето...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg