Колку време смеат да поминуваат децата на телефон, таблет и останати гаџети?

Секој ден слушаме и читаме за влијанието на технологијата врз здравиот развој на детето, а сè повеќе научници зборуваат за оваа исклучително важна тема. 

Mobilnite uredi treba da bidat zabraneti za deca pod 12 godini 01

Дали мобилните уреди треба да бидат забранети за деца под 12 години?

Реномирани педијатри препорачуваат децата да не бидат изложени на технологија пред втората година.

Деца од две до пет години не дека треба да ги користат истите повеќе од еден час на ден.

Ова се неколку причини зошто децата треба да бидат ограничени во користење на технолошките уреди:

Влијание врз развојот на мозокот

До двегодишна возраст, мозокот на детето се зголемува трипати и продолжува да расте до 21 година.

Раниот развој на мозокот е условен од стимули од околината или недостаток од истите.

Преголема изложеност на технолошки уреди негативно влијае на функцијата на мозокот и предизвикува бавен развој на когнитивните способности, зголемена импулсивност и нарушена способност за самоконтрола.

Бавен развој

Употребата на технологијата го ограничува движењето, што доведува до бавен развој кај децата.

Ова лошо се одразува на писменоста и академските достигнувања понатаму во животот.

Физичката активност го подобрува вниманието и способноста за учење.

Mobilnite uredi treba da bidat zabraneti za deca pod 12 godini 02

Недостаток на сон

Три четвртини од родителите им овозможуваат на децата да користат технологија во детските соби, а 60% од нив не знаат како и колку децата ја користат технологијата.

Во три четвртини од случаите, деца од 9 до 10 години не спијат како што треба, а ова се одразува на нивните оценки во училиште.

Ментални болести

Преголема употреба на технологија е поврзана со зголемување на депресијата и вознемиреноста кај децата, недостаток на внимание, тешкотии со приврзаноста, биполарно растројство и други проблеми во однесувањето.

Дигитална деменција

Брзата содржина на медиумите придонесува за нарушување на вниманието, слаба концентрација и слаба меморија.

Mobilnite uredi treba da bidat zabraneti za deca pod 12 godini 03

Зависност

Како што родителите стануваат повеќе приврзани кон технологијата, така сé повеќе се оддалечуваат од своите деца.

Во отсуство на родителска приврзаност, децата се свртуваат кон технолошки гаџети и стануваат зависни од истите.

Секое единаесетто дете на возраст помеѓу 8 и 18 години денес е зависно од технологијата.

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg