Одиш на роденден кај едно дете, купуваш големи подароци за двете - да не биде исфрустрирано другото

Секое дете го сака сопствениот роденден. Тоа е твојот специјален ден во годината кога сето внимание е насочено кон тебе. Не попусто рекле – не е секој ден роденден. И навистина е така.

Odis-na-rodenden-kaj-edno-kupuvas-podaroci-za-dve-01.jpg

Како и секое дете и јас го обожавав сопствениот роденден. Ме затрупуваа со подароци кои со задоволство ги отворав пред сите присутни, изјавувајќи од кого е подарокот, што донел, трчајќи во другата соба да го пробам џемперот или новите чизмички и да парадирам пред гостите. Тоа беше мојот специјален ден и уживав максимално во него.

Кога ќе дојдеше роденденот на мојот брат, јасно беше дека тоа е неговиот ден. Немав никаков проблем да сфатам дека нему му е роденден, дека тој ќе добие многу подароци исто како и јас пред него.

Јас бев среќна ако воопшто добиев некое чоколадо. И се радував за него, за неговата торта, за подароците коишто тој ќе ги добие.

Искрено, ретко се случуваше тоа. Не знам дали такво беше времето во кое растевме, но се знаеше – се носи подарок на оној кому му е роденден. Бидејќи ќе дојде и твојот ред, треба да си трпелив и свесен дека светот не се врти околу тебе.

Е, па не е повеќе така. Пред некоја недела отидовме на еден од многуте родендени на коишто одиме во текот на годината и речиси 90% од луѓето носеа по 2 огромни подароци - како за роденденката, така и за нејзината помала сестра.

Причината – не било убаво малечкото да се чувствува отфрлено и тажно. Како така нејзината сестричка ќе добиела куп подароци, а малата ништо?! Страшно. Дури срам ми падна поради тоа што носев „само едно чоколадо“ за помалата сестричка на славеничката.

Како големото ги отвораше подароците, така тоа го правеше и помалото. Огромен дел од луѓето го охрабруваат и одобруваат овој чин со парапсихологии како детето ќе израснело во исфрустрирана личност која не добивала ништо, додека сестра ѝ уживала во подароците.

Само што сите како да забораваат дека претходно и малечката славела роденден. И дека не ѝ е скратено ништо од третманот кој го добива сестрата и обратно. Родителите прават речиси идентични забави за двете.

Јас носам голем подарок само на онаа којашто слави роденден. Зошто би носела и за другото дете кога не слави ништо, освен мал, симболичен подарок, кој и не е реално потребен?

Мора да сфатите прво дека не сите луѓе имаат пари да носат два или три подарока во зависност од тоа колку деца брои семејството. Мора и да сфатите дека не е секогаш и до парите.

Да, имам можеби пари да купам и 10 подароци, но одбивам да го сторам тоа. Едноставно е – роденден слави само едно дете.

Доколку сте успеале да му го всадите концептот на другото дека светот навистина не се врти околу него и дека секој ден не е „негов ден“, тогаш вие сте среќни луѓе.

Доколку веќе зборуваме за психолошкиот момент, многу поздраво е детето да научи да ја споделува туѓата среќа, да не се става секогаш во центарот на вниманието, да дозволи некој друг да ужива во својот момент…

Едноставно, да не биде саможивно, себично дете. Зошто да не може да прифати дека роденден слави неговиот брат или сестра и дека тој ден е резервиран за него или неа? И дека по некое време ќе му дојде редот и на него и ќе ужива во вниманието и подароците?

На крајот, на сето внимание коешто им се посветува на децата, на сето галење, милување и пазење, како воопшто ви паѓа на памет дека детето ќе биде тажно или исфрустрирано ако не добиело подеднакво голем подарок како братот или сестрата за време на туѓиот роденден?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg