„Денес е денот кога ќе те посвојам“ – Емотивен говор на маж за ќерката на неговата сопруга
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
rabota vo kujna 08-08-2020


„Денес е денот кога ќе те посвојам“ – Емотивен говор на маж за ќерката на неговата сопруга

Кога Тим Бобит ја започнал врската со сопругата Ани, таа веќе имала ќерка – малата Кајли.

emotiven-govor-na-mazh-za-kjerkata-na-negovata-sopruga-01.jpg

Тим и Кајли веднаш се спријателиле, а малото девојче најмногу од сè сакало Тим и официјално да стане нејзин татко.

emotiven-govor-na-mazh-za-kjerkata-na-negovata-sopruga-02.jpg

Можеби двајцата не се крвно поврзани, но со секој изминат ден, нивната врска станувала сè посилна. Тим станал личноста која ја заспива Кајли, присуствувал на сите нејзини приредби, си играл со неа и правел сè што би правел еден татко со неговата ќерка.

emotiven-govor-na-mazh-za-kjerkata-na-negovata-sopruga-03.jpg

На големо изненадување на Тим и Ани, на денот на нивната венчавка, малата Кајли му дала писмо на Тим.

Девојчето го прашало Тим дали сака да ѝ биде татко – нешто што тој со задоволство прифатил.

emotiven-govor-na-mazh-za-kjerkata-na-negovata-sopruga-04.jpg

Нормално, било потребно време да се заврши целата документација, но кога Тим направил сè што треба, ѝ приредил прекрасно изненадување на малата Кајли.

Тим организирал фотосесија, а планот му бил да ја прекине и да ѝ соопшти на Кајли дека од тој ден, официјално ја посвојува.

emotiven-govor-na-mazh-za-kjerkata-na-negovata-sopruga-05.jpg

Тим подготвил цел говор за овој момент, па дури ѝ дал и прстен на неговата нова ќерка. На среќата на Кајли ѝ немало крај и девојчето се расплакува од среќа во моментот кога тоја ѝ ја соопштува веста.

emotiven-govor-na-mazh-za-kjerkata-na-negovata-sopruga-06.jpg

Можеби најдобриот дел е што Тим се сетил да го сними целиот настан и го споделил видеото на YouTube и Facebook.

„Има малку денови во мојот живот што никогаш нема да ги заборавам. Моменти од мојот живот што се посебни и ми го променија животот на подобро.

Во четвртокот бев доволно среќен да доживеам уште еден ваков ден. Ја посвоив Кајли, ќерката на мојата сопруга. Ова беше еден од најубавите денови во мојот живот“, напишал Тим.

Емотивното видео од „запросувањето“ можете да го погледнете во продолжение:

Извор

Би можело да ве интересира:

Смешни детски одговори на тема - мајка Децата се најискрените и најневините суштества, па кога ќе ги прашате некое праш...
Важни животни лекции на кои силните мајки ги учат нивните деца За развивањето во зрела личност, најголемо влијание има тоа како се децата расте...
Дури кога ќе станеш родител, сфаќаш дека татко ти сепак сакал чоколадо... Важно ти е само да можеш да ги усреќиш своите деца. Дури и по цена да работиш тр...