Секој ден е нов почеток - Важни лекции што можеме да ги научиме од децата

Понекогаш е во ред, па дури и препорачливо да се однесуваме како деца. 

Vazni lekcii sto mozeme da gi naucime od decata 01

Децата знаат подобро од возрасните како да учат и како да градат подобри односи со другите.

Ова се неколку одлични лекции што можеме да ги научиме од децата:

Секој ден е нов почеток

Се сеќавате на чувството кога крајот на секој училишен ден се чинеше како време за почеток на нешто ново? Летните одмори изгледаа како цел живот.

Кога сме деца, секој ден ни се чини како вечност и секој нов ден значи нови можности за остварување нови пријателства, нови авантури, учење нови работи. Децата не го носат „товарот“ од еден во друг ден. Тие секогаш започнуваат одново.

Бидете храбри

Пејте гласно. Танцувајте кога ви се танцува. Детскиот ум не знае за граници, затоа што не е ограничен од стравот од неуспех или понижување. Тие смело одат напред, со надеж и упорност, затоа што не знаат поинаку.

Децата не доживеале пораз и неуспех. Тие го прифаќаат животот со отворени раце.

Vazni lekcii sto mozeme da gi naucime od decata 02

Остварете убави пријателства

Кога си играат со пријателите, децата ја наоѓаат вистинската среќа. Стануваат дел од фудбалски клуб, одат на роденденски забави, одат во нови училишта и таму создаваат нови пријателства...

Децата се придржуваат кон правилото „колку повеќе, толку подобро“.

Пробајте нови работи

Децата не се плашат да пробаат спорт што порано не го играле. Ќе скокаат, ќе се нурнат во морето и ќе се спуштаат со скии, дури и ако никогаш не го правеле тоа.

Кога ќе пораснеме, почнуваме да се плашиме од непознатото. Остануваме во комфорот на нашата зона на удобност и ретко кога заминуваме.

Кога ќе тргнеме во авантура, повторно се чувствуваме живи и нашиот дух повторно се буди.

Постои еден цел свет што допрва треба да го откриете

Децата се најљубопитните набудувачи на сè што е околу нив. Прошетајте со вашето дете и сторете го истото. Ќе ве изненади колку различни работи ќе забележите, бидејќи со возраста стануваме несвесни за природата околу нас.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg