Дури кога ќе станеш родител, сфаќаш дека татко ти сепак сакал чоколадо...

Важно ти е само да можеш да ги усреќиш своите деца. Дури и по цена да работиш три работи, дури и ако тоа значи дека со години не си купила нов парфем, ниту нова маскара.

duri-koga-ke-stanes-roditel-sfakjas-deka-tatko-i-sepak-sakal-cokolado-001_resize.jpg

Кога ти ќе станеш родител, сите работи кои си ги имала ти стануваат некако непотребни. Баш како што на твоите родители не им требало ништо, освен твојата среќа.

Кога стануваш родител, одеднаш сфаќаш дека твојот татко цело време сакал чоколадо.

Дека твојата мајка сакала и модерна фризура, и онаа крофна за појадок, и онаа дебела јакна која баш ѝ се допадна, но сепак ја одбра потенката. Ќе биде добра, рече. Онаа дебелата ја доби ти.

Кога ќе станеш родител не можеш да се сетиш кога последен пат купи јаготки за себе, ниту пак кога ја изеде последната палачинка во чинијата. Можеби после 3 дена, откако се увери дека никој друг не ја сака.

И тогаш ти текна како татко ти јадеше палачинки само со мармалад. Или празни. Некако баш ги сакаше празни. Зошто не сакаше чоколадо во нив? Веројатно за да останат повеќе за тебе.

Дали „јас не сакам, не сум гладна“ кажано од устата на мајка ти беше вистина или само се плашела дека зготвила премалку?

Дали татко ти ги сакаше оние трошки од месото, или само сакаше ти да го изедеш поубавото парче?

О да. Сите одговори одеднаш ти се поклопуваат кога ќе станеш родител.

Мојата мајка и ден денес, иако е сега баба, а јас возрасна жена која живее во друг град, секојдневно се грижи дали го имаме неопходното.

И во состојба е да даде сè што има, за нас да ни биде добро. Да, дете си и кога ќе пораснеш, сè додека имаш чие дете да бидеш.

Се сеќаваш кога на татко ти наводно омилен оброк му беше сендвичот и чаша јогурт, а ти имаше избори за повеќе меѓуоброци во денот?

Се сеќаваш дека секогаш ти дозволуваа да земеш чоколадо наместо кусур, иако искрено, добро ќе им дојдеше и кусурот?

Не сакаа да забележиш кога имаат, а кога немаат пари. За тебе, секогаш имаа.

Можеби и ти си еден од оние родители кои секогаш ќе кажат дека имаат сè што ќе посакаат, не им треба повеќе, најмалку па размислуваат дали ќе мора да одберат помеѓу себе и детето.

Но, ќе ти дадам еден пример.

Последна банана во кошницата. Би ја земала, но ти поминува низ глава дека можеби баш детето за половина час ќе сака овошна салата. Ја оставаш.

Земаш портокал, од нив има повеќе. И онака не сакаш нешто посебно банани. Исто како што и татко ти не сакаше чоколадо.

Извор

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg