11 познати личности кои одлучија да посвојат дете

Сите знаеме дека во светот постојат премногу деца без родители. За среќа, постојат и многу луѓе кои сакаат да помогнат и да им дадат шанса за подобар живот на овие деца.

11-slavni-lichnosti-koi-odluchija-da-posvojat-dete-01.jpg

Помеѓу овие добри луѓе, има и многу славни личности кои одлучуваат да посвојат дете, и тоа не само затоа што не можат да имаат свое.

Голем дел од нив, едноставно, сакаат да го направат светот подобро место и да ѝ помогнат на барем една личност која останала без родители.

Погледнете ги славните чиј пример треба да го следат повеќе луѓе:

Шарлиз Терон

Познатата актерка е самохрана мајка на две деца. Нејзиното постаро дете се вика Џејсон, а Шарлиз го посвои во 2012-та. Во 2015-та, актерката посвои и девојче.

Лани Шарлиз изјави дека Џексон расте како трансродова личност и дека ја има целта нејзина поддршка:

„Мојата задача како родител е да ги славам и да ги сакам моите деца и да се осигурувам дека имаат сè што им е потребно за да станат личноста којашто сакаат да бидат. И, ќе направам сè што е во моја моќ за моите деца да го добијат тоа.“

11-slavni-lichnosti-koi-odluchija-da-posvojat-dee-02.jpg

Кетрин Хејгл

Кетрин, заедно со сопругот Џош Кели, има посвоено две девојчиња. Едното е од Јужна Кореја, а другото од САД.

Актерката има изјавено дека отсекогаш размислувала да посвои дете бидејќи најмногу од сè сакала да биде мајка:

„Сестра ми Мег е Корејка, а моите родители ја посвоија три години пред да се родам јас. Сакав моето семејство да наликува на она во коешто пораснав, па отсекогаш знаев дека сакам да посвојам дете од Кореја. Имаме размислувано и за биолошки деца, но одлучивме прво да посвоиме.“

11-slavni-lichnosti-koi-odluchija-da-posvojat-dee-03.jpg

Виола Дејвис

Виола и нејзиниот сопруг Џулиус Тенон станаа родители во 2011-та, кога ја посвоија ќерката Џенесис.

„Постојат многу начини да бидете мајка наместо бременост. На многу деца им требаат родители, а многу од нас сакаат да бидат мајки. Имајте на ум дека и вака ќе го искусите мајчинството многу добро“, изјави Виола за одлуката да посвои дете.

11-slavni-lichnosti-koi-odluchija-da-posvojat-dee-04.jpg

Сандра Булок

Сандра го посвои нејзиното прво дете уште во 2010-та, и тоа од Њу Орлеанс. Актерката има изјавено дека ураганот Катарина ја натерал да го направи тоа:

„Во Њу Орлеанс се појави ураганот Катарина и нешто ми рече дека моето дете е таму. Беше навистина чудно.“

Подоцна, во 2015-та, Сандра посвои уште едно дете – ќеркичката Лајла.

11-slavni-lichnosti-koi-odluchija-da-posvojat-dee-05.jpg

Дајен Китон

Дајен ја посвои ќерка си Декстер во 1996-та, дури откако наполни 50 години. Пет години подоцна, таа го посвои и синот Дјук, а и двете деца ги одгледа како самохрана мајка.

„Мајчинството ме промени целосно. Тоа е најубавото искуство што сум го имала.“

11-slavni-lichnosti-koi-odluchija-da-posvojat-dete-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg