Зошто на децата не треба да им се обезбеди сè што ќе посакаат?

Убаво е чувството да му дадете подарок на детето, или да му купите нешто што вие го немавте како дете.

Zosto na decata ne treba da im se obezbedi se sto ke posakaat 01 630x340

Но, иако премногу скапите родендени, забави и патувања, паметни телефони, гаџети и непотребни играчки, можеби делувале како одлична идеја (во период кога немаше пандемија), истите можат да предизвикаат контра-ефект.

Подарување толку многу материјални работи, привилегии и избори честопати крие недостаток на љубов и посветеност, а кај некои семејства и занемарување, што носи со себе трајни последици.

Форми на угодување

Важно е да се напомене дека угодување на секоја желба на детето вклучува не само купување на сè што тоа ќе посака, туку и давање премногу слобода и премалку дисциплина.

Истражувачите кои се занимаваат со овој модерен феномен идентификуваа 3 различни форми на угодување:

1. Премногу давање

Не е важно дали станува збор за играчки, тренинзи, курсеви или паметни телефони - претерувањето не е добро за децата. Треба да им остане простор да учат, со тоа што тие самите ќе пронајдат интерес за нешто кога ќе им биде здодевно.

2. Заштитнички став

Родителите кои сакаат да направат сè наместо нивните деца, им ја ускратуваат можноста да научат како самите да направат нешто. Ова вклучува решавање домашни задачи, како и потребата на родителот да го заштити детето од негативните емоции што се неопходни за неговиот развој.

3. Недостаток од дисциплина

Секогаш се обидуваме да ја истакнеме важноста на поставувањето граници за иднината на детето, бидејќи целта е еден ден тие да станат одговорни возрасни лица. Задачата на родителите е да го научат детето да ги извршува задачите соодветно на возраста.

Zosto na decata ne treba da im se obezbedi se sto ke posakaat 02

Зошто родителите премногу им угодуваат на своите деца?

Една од најчестите причини за ваквото однесување е чувството на вина. Родителите кои работат и не ги гледаат своите деца често, не сакаат да го расипат расположението на детето. Затоа, не им дозволат сами да ги извршуваат задачите.

Голем број родители даваат сé од себе за да ги израдуваат своите деца и често не можат да кажат „не“. Понекогаш родителот само сака да го заштити детето од непријатните ситуации што ги доживеал, или да го замени она што го немал во детството.

Зошто угодувањето не е здраво за децата?

Детето треба да научи важна лекција - може да порасне без најновиот телефон или патики, бидејќи постои разлика помеѓу сакање и потреба. Ако му купите сè што ќе побара, детето ќе почне да верува дека не може да живее без некои работи.

Потоа, ако ја испонувате секоја негова желба, детето може да научи дека среќата е во материјалните нешта. Кога станува збор за отсуство на грижа, детето верува дека правилата не се однесуваат на него и дека тоа е над другите, затоа што е посебно.

Децата кои пораснале во опишаната шема прераснуваат во незадоволни возрасни личности, склони кон прејадување и прекумерно купување.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg